Топ Новости >

Училишна парада во Гевгелија

  • Четврток, Мај 24 2018

 


Ученичка парада посветена на Денот на сесловенските просветители, во која со свои костими и креации учествуваа ученици од основните училишта.

24 Мај - Денот на сесловенските просветители учениците немаа часови, туку го празнуваа денот на творците на македонската азбука и сесловенската писменот, солунски браќа Кирил и Методиј, подоцна за своето дело беатификувани во светци, со пригодна парада низ улиците која ја проследуваа бројни граѓани, љубопитни минувачи и бројните родители и роднини што се гордееја со денот, трудот и учеството во парадата на своите деца.

На фотографијата, направена во 70-те години од 20 век овековечен е записот за тогашното чествување на празникот. На фотосот е женскиот дел од класот на четвртоодделенките на учителката (тогаш ги викаа учителски) Фимка Тошева од училиштето „Крсте Мисирков“. Напред од десно на лево се Ефче Аризанова, која двржи цвет во рацете, до неа е Дафинка, третата можеби сама ќе се препознае, а четвртата во првиот ред, или прва од лево е Душанка Ќаева, која сега живее во Хрватска. Во вториот ред се смешка Нада Попова (сосопственичка на печатницата „АBC“), Роза Тошева Крајчева која живее и работи во Америка, Велика Карагошева - наставник по физика во Општинско основно училиште „Крсте Мисирков“, Ефросина Диневска, вработена во Центарот за социјални грижи во Гевгелија.
Другите, потрудете се да ги препознаете Вие.

Денеска наместо празнична парада со костими и маски изработени од хартија, популарната „газета“ која се тегне и ќине како што сакаат вредните креаторки на маските, учениците и нивните наставници се дома. Нема училишни претстави посветени на празникот, нема рецитали, нема натпревар по литературни состави.

Фото записот е дело на Коста Аризанов, најстариот мајстор на фотографскиот занает од тоа време и основач на фото студиото „Спорт“ во Гевгелија. Браво мајсторе - си создавал фото историја.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шекеринска со писмо до министрите на НАТО

„Ја барам вашата поддршка за Македонија“ - им напиша Шекеринска во писмото до  министрите за одбрана на 29 земји членки на НАТО

Повеќе

Коѕијас денеска со потпис, а утре со писмо до ЕУ и НАТО

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас писмено го потврдува непротивењето на Грција за напредокот на Македонија за членство во ЕУ и НАТО

Повеќе

Водата во Дојранското Езеро е безбедна за капење

Испитаните примероци вода од езерото од ЈЗУ „ИЈЗ“ покажаа квалитет на вода безбеден за капење и рекреација на луѓето

Повеќе

Собранието го ратификува договорот со Грција

Со 69 гласа ЗА Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот со Грција. Се чека на Иванов

Повеќе

Томе Главчев со плакета за бизнис личност во 2018 за ЈИЕ

Манифестацијата „Бизнис партнер“ додели 40 награди на компании и бизнис личности од Југоисточна Европа за 2018

Повеќе

Објавена продажба на градежни парцели во Гевгелија

Десет парцели за индивидуално домување и една парцела за лесна индустрија во Гевгелија се објавени на продажба по пат на електронско јавно наддавање

Повеќе

Комарците помилувани на неодредено време

Поради лошото време одложено прскањето против комарци во целиот Југоисточен регион

Повеќе

Етничките македонци во Грција се радуваат на Договорот

Селцас е пратеник во грчкиот Парламент од Лерин и вели дека Македонците во Грција се радуваат на договорот

Повеќе

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Грција

ВИДЕО: Потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство

Повеќе

И во грчкиот Парламент се прозбори на македонски јазик

Пратеник на СИРИЗА се обрати на Македонски јазик, на костурски дијалект во грчкиот парламент

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.