Топ Новости >

Штафета на младоста во Гевгелија

  • Петок, Мај 25 2018

 


Во времето на Титова Југославија, денешниот ден 25 мај се одбележуваше како Ден на младоста.
Карактеристично за празникот беше Штафетата на младоста која претходно поминуваше низ повеќето градови ширум републиките во состав на СФРЈ носена од илјадници младинци, повеќе од 12.500 која од рака во рака поминуваше траса долга 9.000 километри. Целиот процес на штафетна трка од град до град траеше околу месец и половина.
Во тој период редовно „Штафетата на младоста“ поминуваше и низ Гевгелија. Ја дочекуваа војници, припадници на ЈНА, ја превземаа младинци, уеници и редовно на свечена бина во центарот на Гевгелија се читаше „Поздравно писмо“ со честитки за роденденот и долг живот до Претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито.

На фотографијата е Штафетната церемонија од дочекот на Штафетата на младоста во Гевгелија во далечната 1976 година. На бината се претседателот на Сојузот на социјалистичка младина на Македонија Општинска организација Гевгелија - Ангел Алчинов, до него е Потполковник Чаневиќ Ѓорѓе, Командант на тогашниот Граничен Гарнизон на ЈНА сместен низ караулите и  Касарната во Гевгелија, потоа следува војник на отслужување воен рок во Касарна Гевгелија (ја држи Штафетата опкружена со свежо цвеќе) и секретарот на Општинската организација на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија за Гевгелија - Јованка Дојранлиева која го чита поздравното писмо до другарот Тито.


Ден на младите беше празник за време на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), кој се празнуваше од победата над фашизмот 1945 се до 1988 година. Овој празник е поврзан со раѓањето на животот на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито (1892-1980) и првата година се прославува како неговиот роденден, а во 1957 година на негова иницијатива стана ден на младите.

По бројните пораки, писма, желби и потписи од младите, Штафетата на младоста беше предавана лично на другарот Тито на свечена манифестација со слет на кој учествуваа илјадници младинци од сите републики во состав на СФРЈ, на 25 мај на стадионот на ЈНА во Белград.

На 4 мај 1980 година Штафета на младоста беше затечена на пат низ Хрватска од ненадејната вест за смртта на Јосип Броз. Таа година таа требаше да ги испорача желбите и честитките на младите до претседателот за неговиот 88 роденден. Неумолната вест го прекина патот на Штафетата и истата беше положена на одарот на претседателот кое беше изложено во Собранието на СФРЈ.

Во куќата на цвеќињата каде е погребан претседателот на СФРЈ  Ј.Б. Тито и денеска стои изложбата од сите штафети кои ги примил од младите во текот на својот живот.

Честит празник младино, на тие кои се сеќавате на овој ден и убавината на тоа време.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шекеринска со писмо до министрите на НАТО

„Ја барам вашата поддршка за Македонија“ - им напиша Шекеринска во писмото до  министрите за одбрана на 29 земји членки на НАТО

Повеќе

Коѕијас денеска со потпис, а утре со писмо до ЕУ и НАТО

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас писмено го потврдува непротивењето на Грција за напредокот на Македонија за членство во ЕУ и НАТО

Повеќе

Водата во Дојранското Езеро е безбедна за капење

Испитаните примероци вода од езерото од ЈЗУ „ИЈЗ“ покажаа квалитет на вода безбеден за капење и рекреација на луѓето

Повеќе

Собранието го ратификува договорот со Грција

Со 69 гласа ЗА Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот со Грција. Се чека на Иванов

Повеќе

Томе Главчев со плакета за бизнис личност во 2018 за ЈИЕ

Манифестацијата „Бизнис партнер“ додели 40 награди на компании и бизнис личности од Југоисточна Европа за 2018

Повеќе

Објавена продажба на градежни парцели во Гевгелија

Десет парцели за индивидуално домување и една парцела за лесна индустрија во Гевгелија се објавени на продажба по пат на електронско јавно наддавање

Повеќе

Комарците помилувани на неодредено време

Поради лошото време одложено прскањето против комарци во целиот Југоисточен регион

Повеќе

Етничките македонци во Грција се радуваат на Договорот

Селцас е пратеник во грчкиот Парламент од Лерин и вели дека Македонците во Грција се радуваат на договорот

Повеќе

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Грција

ВИДЕО: Потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство

Повеќе

И во грчкиот Парламент се прозбори на македонски јазик

Пратеник на СИРИЗА се обрати на Македонски јазик, на костурски дијалект во грчкиот парламент

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.