Топ Новости >

 

Одењето на отслужување воен рок во времето од 50-те години на минатиот век претставуваше празник за фамилијата и роднините - со песни и зурли и тапани се испраќаа младите момци на Железничката станица во Гевгелија од страна на бројните роднини, пријатели, другари, соседи.

Да бидеш војник беше чест, зошто така ја докажуваа младоста, способноста и мажевноста да бидат обучени за чувари на својата земја.

Во времето на Титова југославија функционираше ЈНА (Југословенската народна армија) во која служеа војска сите млади од 18 до 27 годишна возраст.

Во послевоениот период од Југославија војската се служеше 2 години, а регрутите редовно беа упатувани во друга република од составот на СФРЈ заради осознавање на територијалната ширина на земјата, разните народи и народности кои ја сочинуваа државата, заради јакнење на единството на Југословенската Народна Армија.

Не им сметаше далечината. Сите на фотографијата се насмеани, и војниците кои од отпуст се враќаат во касарните, и младите регрути кои треба да го започнат отслужувањето на воениот рок.

Колку знаење, дисциплина, одговорност и незаборавни војнички другарства понесоа со себе после отслужувањето на воениот рок знаат само генерациите кои се сведоци на тоа време.

 

Фото: Испраќање во војска на Железничката станица во Гевгелија, 50-те години од 20-от век - фотографија направена од  Коста Аризанов


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„AQUA M2“ - ЕУ проект меѓу Гевгелија и две солунски општини од Грција

Заеднички Европски еколошки проект „AQUA M2“ меѓу општините Гевгелија и општините Пеонија и во Халкидона од соседна Грција и Универзитетот Аристотел од Солун 

Повеќе

Хоризонтална сигнализација на улиците

Продолжува акцијата за урбано уредување на Гевгелија со асфалтирање на улици во градот и населените места, а од денеска и со механичко одбележување на хоризонталната сигнализација на улиците низ

Повеќе

Денес променливо облачно

Можен пороен дожд во западните и јужните делови од земјава

Повеќе

Заев: Про-руски бизнисмени плаќале за насилни протести

Премиерот Заев во интервју за „BuzzFeed News“ изјави дека про-руските бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи кон НАТО со финансирање на насилни протести

Повеќе

Неподготвеноста на фирма подизведувач ја остави Гевгелија без вода

Фирмата „АДРА“ од Куманово дошла без алат на терен, а потребната опрема ја обезбеди Пожарната од Гевгелија, па работите на терен наместо два часа, траеја 12 часа

Повеќе

Гевгелија остана без вода

Цистерни за мобилна достава на вода ќе бидат лоцирани на 5 локации низ градот

Повеќе

Потсетување: Прекин на водоснабдувањето во цела Гевгелија

Во недела наутро од 3 до 8:30 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода во Гевгелија, Мрзенци, Негорски бањи и индустриската зона Блокотехна. Наполнете вечерва некое шише вода за резерва

Повеќе

Обезбедени 3 милиони евра за регионални патишта во Гевгелија

Патните правци Прдејци-Смоквица, Миравци-Давидово, Гевгелија-Негорци ќе се санираат ова лето

Повеќе

Поцков: Намалување на цената за прочистување на отпадните води

Намалувањето треба да биде одобрено од Советот на општината и ќе важи од 1 август до крајот на 2018 година

Повеќе

Мицотакис: Скопје го доби НАТО пасошот

Лидерот на најголемата грчка опозициона партија се жали дека Ципрас и Каменос му го предадоа на Скопје НАТО-пасошот, откако го отстапија македонскиот идентитет и македонскиот јазик

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.