Првиот асфалт во Гевгелија

  • Среда, Јул 04 2018

 

Во време на летна санација на улиците во Гевгелија, вредно е да се потсетиме дека првата асфалтирана улица Гевгелија ја добила во далечната 1960 година.
Тоа била улицата „Борис Кидрич“, која минувала покрај Железничката станица во Гевгелија, тогаш најактуелната транзитна точка во меѓународниот сообраќај кој датира од 19 век на овие простори. На оваа улица се наоѓаше и познатото ноќевалиште „Арапската куќа“, кого го посетуваа многу транзитни гости и намерници во Гевгелија и Монополот, еден од главните стопански комбинати за откуп, складирање и преработка на тутун.

ФОТО: Асфалтирање на улицата „Борис Кидрич“ во Гевгелија, лето 1960 година

Работниците се доброволци, сите насмеани, кој со шорцеви, кој со панталони, по маици, без работни одела, го распоредуваат асфалтот со лопати по површината на улицата. Жештината на асфалтот и летното сонце не им пречи - градат историја на комунално уредена Гевгелија.

Една година подоцна, во 1961 година асфалтирана е улицата „7-ми Ноември“ која се протега од ЗИК „Винојуг“ до хотелот „Отоман“ сегашен кафе бар „Центар“.

Познатата изрека за Гевгелија, град со „една улица од станица до граница“, тоа се гранитните коцки поставени на улица „Маршал Тито“ кои датираат некој век претходно од време на Отоманското царство, послевоениот развој на Гевгелија ја побил, со новите асфалтирани улици во Градот.

Годинава бележиме 58 години развој на модерна урбана Гевгелија.

ФОТО: Претставници од локалните власти на општина Гевгелија позираат пред ваљаците кои учествуваат во асфалтирањето на улицата „7ми Ноември“ во Гевгелија, 1961 година


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.