Топ Новости >

На плажа со „Југопластика“

  • Недела, Јул 08 2018

 

Денеска, организираните туристички капацитети нудат плажи со солидна урбана опрема - лежалки, чадори за сонце, послуга со ладни напитоци.

Некогаш, плажата значеше само вода и купачи (костим за капење), а ако ти купат душек, или чамче за вода тоа значи си бил прекрасно дете што си ја заслужил таквата удобност за уживање во вода, за време на летниот одмор.

Можеше да се отиде плажите на „Златните песоци“ на „Црно море“ во Бугарија и таму да ти купат чамче на дување и возбуден да не видиш дека на чамчето пишува „Југопласика“ Сплит. Патуваш со југословенски пасош, а реквизитите за плажа пред тебе стасале со извоз на бугарскиот пазар.

Убавини.
Заитаноста кон водата од разбрануваното Црно Море на возбуденото детенце со чамчето, од насловната фотографија, самото кажува се'.
Насмевките на ова големо одморско друштво во Дојран во далечната 1965, со душек и чамец на дување и внатрешна автомобилска гума како помошно средство за пливање укажува на безгрижноста на едно среќно време, кога другарството и дружењето било поважно отколку брендираната чанта за плажа, или шарената лежалка на склопување.

Вака се уживало некогаш.

ФОТО: Дружење на плажа на Дојранско езеро, лето 1965 - реквизитите од Југопластика се врвот од понудата за плажа на лето 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„AQUA M2“ - ЕУ проект меѓу Гевгелија и две солунски општини од Грција

Заеднички Европски еколошки проект „AQUA M2“ меѓу општините Гевгелија и општините Пеонија и во Халкидона од соседна Грција и Универзитетот Аристотел од Солун 

Повеќе

Хоризонтална сигнализација на улиците

Продолжува акцијата за урбано уредување на Гевгелија со асфалтирање на улици во градот и населените места, а од денеска и со механичко одбележување на хоризонталната сигнализација на улиците низ

Повеќе

Денес променливо облачно

Можен пороен дожд во западните и јужните делови од земјава

Повеќе

Заев: Про-руски бизнисмени плаќале за насилни протести

Премиерот Заев во интервју за „BuzzFeed News“ изјави дека про-руските бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи кон НАТО со финансирање на насилни протести

Повеќе

Неподготвеноста на фирма подизведувач ја остави Гевгелија без вода

Фирмата „АДРА“ од Куманово дошла без алат на терен, а потребната опрема ја обезбеди Пожарната од Гевгелија, па работите на терен наместо два часа, траеја 12 часа

Повеќе

Гевгелија остана без вода

Цистерни за мобилна достава на вода ќе бидат лоцирани на 5 локации низ градот

Повеќе

Потсетување: Прекин на водоснабдувањето во цела Гевгелија

Во недела наутро од 3 до 8:30 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода во Гевгелија, Мрзенци, Негорски бањи и индустриската зона Блокотехна. Наполнете вечерва некое шише вода за резерва

Повеќе

Обезбедени 3 милиони евра за регионални патишта во Гевгелија

Патните правци Прдејци-Смоквица, Миравци-Давидово, Гевгелија-Негорци ќе се санираат ова лето

Повеќе

Поцков: Намалување на цената за прочистување на отпадните води

Намалувањето треба да биде одобрено од Советот на општината и ќе важи од 1 август до крајот на 2018 година

Повеќе

Мицотакис: Скопје го доби НАТО пасошот

Лидерот на најголемата грчка опозициона партија се жали дека Ципрас и Каменос му го предадоа на Скопје НАТО-пасошот, откако го отстапија македонскиот идентитет и македонскиот јазик

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.