Со 96 годишно опстојување на организиран спортски живот преку постоењето на ФК „Кожуф“, нашиот град Гевгелија може да се пофали на речиси вековна фудбалска традиција.

Ова во контекс на фудбалската треска која деновиве го тресе светот значи дека имаме навивачи, спортски работници, фудбалери и поширока публика која ја разбира и навива за „најважната споредна работа на светот“.

Корените на спортскиот фудбалски клуб „Кожуф“ датираат од 1922 година. ФК „Кожуф“ бил втор по старост регистриран клуб во поранешна Југославија, после ФК „Хајдук“ од Сплит кој бил регистриран во 1914 година. Имало и постари клубови од ФК „Кожуф“, меѓутоа, тие не биле правно регистрирани пред регистрацијата на гевгелискиот фудбалски клуб и поради тоа ФК „Кожуф“ се смета за втор по старост клуб во поранешна Југославија, но сепак најстар организиран спортски фудбалски клуб во нашата држава.

Првата фудбалска топка – кожена крпеница, во ФК „Кожуф“ ја донел Ристо Костов, тогашен играч на првиот тим, откако се вратил од 13-дневниот соколски семинар во Белград, есента во 1922 година.
Првата екипа на ФК „Кожуф“, чија боја на дресот била црвена, била во состав: Тодор Стојчев, Јанко Шопов, Јован Попов, Петар Стојменов, Никола Тодов, Богдан Бојаџиев, Томе Андреев, Ристо Костов, Томе Јосифов, Драги Михајловиќ и Илија Ашиков.

Во почетотот на своето постоење ФК „Кожуф“ имал две игралишта, на две сосема спротивни страни на градот и се користеле во две различни сезони. При дождливо време, а особено зиме и напролет се играло на игралиштето кај касарната, додека во другите две сезони се играло на игралиштето „чаирот“, веднаш зад железничката станица во Гевгелија.

По ослободувањето ФК „Кожуф“ за првпат станува член на Македонската фудбалска лига во 1950 година, каде бележи големи успеси.

По 1970 година клубот повторно се пласира во Прва републичка лига со добра петочлена навала, која постигнувала успеси. Во тогашниот состав на „Кожуф“ биле: Петков-Шеки, Гелебешев (голман), Велков, Узунов, Ангов, Лазаров, Василев, Бојаџиев, Костов, Мачуков и Дојчинов, со тренерот Цветко Трајков. Клубот неколку години играл во Првата републичка лига и секогаш се пласирал во горниот дел на табелата, благодарение на колективната игра и квалитетниот напад, управата на клубот и првокласната тренерска стручност, предводена од Цветко Трајков. По неколку години ФК „Кожуф“ се вратил во Титовелешки потсојуз, како резултат на тоа што најдобрите 3-4 играчи на тимот заминале да настапуваат во сојузните тимови на Југославија.

ФОТО: Златнната постава на гевгелиски „Кожуф“ од 1969 кои ја донесоа екипата во Прва фудбалска лига во 1970 година, со тренерот Цветко Трајков и Петков-Шеки, Гелебешев (голман), Велков, Узунов, Ангов, Лазаров, Василев, Бојаџиев, Костов, Мачуков и Дојчинов. Гевгелија 1969 година, градски стадион. Игралиште полно вода, ама и полно публика.

 

По осамостојувањето на земјата, ФК „Кожуф“ се наоѓа во Втора македонска лига, а од сезоната 1994/95 година ФК „Кожуф“ влегува во Прва македонска лига каде се задржува само една сезона. Сè до сезоната 2001/02 година игра во Втората лига, потоа во Трета македонска лига каде останува неколку сезони. Од овој период до денес клубот наизменично игра во Втора и Трета лига - Југ. Денес ФК „Кожуф“ повторно се враќа на македонската фудбалска сцена.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.