Топ Новости

 

Најстариот и најпознатиот гевгелиски мурал, слика изработена на ѕидот (фасадата) од зградата на некогашното најстаро трговско претпријатие „Солун“ од Гевгелија денеска оставен на забот на времето.

Сликарските елементи кои ја доловуваат декоративната улога на претпријатието во разубавувањето на секојдневието и домаќинствата со богатството понуда на артикли за секое семејство, од текстил, играчки, апарати за домакинство и материјали за градежништвото, веќе шест децении го краст центарот на Гевгелија..

Оваа слика беше „печат“ на секоја разгледница од Гевгелија. Лоцирана во строгиот центар на градот, позната и преознатлива по својата порака за богатството и изобилието што го нуди јужното поднебје и фирмата чии ѕидини ги краси овој сликарски мурал. Дотерана девојка, детенце со топка, авионче, гулаб, корпа, галеби кои влечат мрежи за рибарење ...
Изработена е во 1959 година, обновена во 2010 година, а денеска видно „подјадена“ од влага и распаѓање. Автор е академскиот сликар Димитар Гаспар од Гевгелија, кој го има изработено и познатиот мурал на стакло во ресторанската сала од комплексот Негорски Бањи. 

Фото разгледница: Поздрав од Гевгелија - зградата на Трговското претпријатие „Солун“ со познатиот мурал на ѕидот од фасадата е на првата горна слика лево и низ овие изминати 60 години стана препознатлив дел од Гевгелија

Во екот на урбаното дотерување на Гевгелија со обнова на улиците ова лето, редно е општината да се позанимава и со богатството на едно наследство во распад, а тоа е познатиот гевгелиски мурал (ѕидно сликарство). Засега влагата „ја јаде“ основата на сликата, но бргу ќе стаса и до сликарските елементи, за кои ќе биде потребна постручна интервенција, одошто само изолација и малтер.
Да се заштити ова народно културно наследство, иако го нема во евиденцијата на Министерството за култура како такво, тое е сепак архитектонско културно наследство на овие простори. Додека не биде доцна.



 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

Повеќе

Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.