Топ Новости

 

Обичај било од дамнина невестата уште во моминските денови да ја подготви постелнината и покуќнината за новиот дом што ќе го формира со својот избраник, момчето.

Јоргани, чаршафи, перници, прекривки, плетени завеси на една игла (ченгелак), ткаени черги за подот, или пошироки подлоги, т.н килими, сето тоа било дел од моминската прика (во други краеви наречен чеиз, или моминска руба). Основна одлика на приката била што неа ја изработувала девојката проследено со многу трепети, мечти и соништа за иднината. Тесно е поврзано со традицијата која се пренесува од постарите на помладите.

На домашниот разбој се ткаеле черги и ќилими. Колку шари и умешност применувале девојќите со љубов дека на нив ќе газат во новиот дом со саканиот.

Везеле чаршафи за постелнина, подоцна индустриски развиен како „бел вез“, но момите знаеле да користат и шарени конци со крвчиња, ливчиња, цветчиња, се' што ќе ја разубави брачната идила. Сето грижливо подготвено од прекривачи до шуштикли, памучни чаршафи, навлаки за перници, ткаените, плетените и везените работи се рачна изработка од момата.
Ден пред свадбата приката се редела изложена во домот на девојката. Овде доаѓале роднини да видат колку била вредна и посветена момата во својот труд пред мажење, наменет за основниот почеток во новото живеалиште со момчето, својот иден сопруг.

На денот на свадбата приката ја покажувале и на сватовите кои доаѓале по невестата, како гордост да видат колку вредна домаќинка ќе добијат во семејството.
Потоа, заедно со сватовите, свирките, тапаните, со оро и песна заминувала свадбената разиграна сватовска свита, а со себе ја понесувале натоварена на возила и приката од девојката. Тој чин поминувал низ улиците на Гевгелија пред очите на сите љубоитни граѓани кои со радост ја следеле радоста на разиграните свадбари.

Фото: Изложената невестинска прика била гордост за семејството на девојката, кои со радост ја покажувале, а љубопитните дечиња се сликале за спомен на овој убав ден - од 60-те години на 20 век

Новото индустриско време донел и нови навики, купени производи, купена покуќнина, а послевоениот стандард овозможил и мебелот да се вклучи во чеизот на невестата. Ако има можности за спална соба, кујнски елементи, трпезариски астали, ако не, останува со љубов и посветеност младите заеднички да го создадат своето ново домаќинство.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието донесе одлука за уставни измени со 80 гласови

Доцна вечерва две третини од пратениците ги поддржаа уставните измени и со тоа

Повеќе

Гевгелија и Богданци викендов без струја

Десет часовен дводневен прекин заради неопходни интервенции најавуваат од ЕВН

Повеќе

Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

Функционер на САД во дипломатска мисија пред македонското исполнување на

Повеќе

Пресудата за Груевски стаса до Кривичен

Казната затвор од 2 години потврдена од Апелација денеска пристигна во Кривичен

Повеќе

Гевгелија и околината без електрично напојување

ЕВН - КЕЦ Гевгелија за петок 19 октомври најавува нов прекин на електично

Повеќе

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт

Повеќе

Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица ќе се вози по една лента

Во терминот од 23 до 00 часот ќе се вози по една сообраќајна лента, јавува

Повеќе

Шест населени места утре без струја

Кованец, Серменин, Конско, Ума, Смрдлива вода и Ски центарот „Кожуф“ утре без

Повеќе

СЈО со жалба бара притвор за Главчев и Димитровски

СЈО и понатаму бара притвор за Ратко Димитровски, сопственик на печатницата

Повеќе

СЈО со нова истрага „Поштенска Банка“

СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски осомничени во новата

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.