Плодовите на едно детство во минатиот век задолжително ги вклучуваше сливите, дуњите и смоквите како плодови на дрвја кои ги имаше речиси во секој двор.
Урбанизацијата на населбите наметна се' повеќе цементирани и уредени дворови во кои има алеи за зеленило и цвеќиња, но се' помалку се среќават плодни дрвја.

На фотографијата е една осамена слива на платото пред „Стопанска Банка“. Сјае на сонцето со своите узреани плодови од никого не набрана. Новите генерации дечиња со сервиран зеленчук и овошје дома не ја научиле сласта во која уживале постарите генерации - да се скине плодот и изеде под сенката на самото дрво.

Заборавената слива напати потскрива под својата ладовина некој чекач на паркиралиштето пред банката, служи како потпирач на некој велосипед, а никој не ги ставил на преден план вредносните карактеристили на нејзиниот плод: богат со витамини A, F и Б1 и Б2, содржи фосфор, калиум, железо и магнезиум. Сливата содржи дури и кумарин. Овие елементи се познати по своите својства за да се елиминира и да се спречи тромбоза, како и да се поттикне проширувањето на коронарните садови.
Нивната хранлива вредност е проценета на 50 калории на 100 грама плод. Тоа ја прави корисен и интересен плод кој го крепи телото без штетни последици, снабдувајќи го нашето тело и со одредена количина на калциум, бор, бакар, манган, цинк, хром и никел.
Сливата е корисна против анемијата и разни болести на срцето или крвните садови, а има и лаксативни и диуретични својства.

Овие плодови ќе презреат и ќе скапат на плочникот од паркиралиштето кое изникна на просторот од стариот минатовековен градски пазар во Гевгелија. Урбана култура е да не се собира од јавен простор, или здравствена култура да не се конзумираат немиени плодови? Сласта од минатото ја нема, само малата накривена слива со нејзините заборавени плодови, во центарот на урбана Гевгелија.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.