Топ Новости

Понеделнички кај невестата

  • Понеделник, Авг 20 2018

 

Свадбарските обичаи во минатото задолжително завршувале со понеделничко „шарено оро“ кога роднините на невестата оделе во посета на новото семејство „на блага алва кај невестата“.
Насмеани, измачкани по образите, демек дали ќе ги познае нивната вчера омажена мома и дали ќе им отворат порта сватовите во новиот дом на невестата, тие со свирки и песни го најавувале своето доаѓање.
Новите домаќини, за да не се обрукат, знаејќи го обичајот за „шареното оро“ и „понеделничката посета на блага алва кај невестата“ предвреме се подготвувале за дочек на своите постојни и новостекнати роднини.
За сите имало место. Никој не останувал не пречекан. Дружењето на семејствата, роднините, соседите со маалска седенка во двор била карактеристика на социјалниот живот во минатото.

Фогографијата која датира од годините на послевоена Гевгелија ја прикажува радоста на едно скудно време во продукти, но со моќ да ги собере сите во еден двор.
Песната, видно од дајрињата во раце на двајцата во централниот дел од фотото е собиралиште на распеаното друштво. Нема скара, нема кока кола, нема бомбони, а сите дечиња насобрани околу распеаните сватови.

Полни дворови деца, песна и радост. Време на нашите корени. Дружба и безгрижност на која само можете да им позавидувате по бројноста и раширените насмевки.

Фото: Понеделничка дружба во Гевгелија - на блага алва кај невестата 
Автор на  фотографија: Кочо Наковски


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.