Топ Новости

Активности на летувалците

  • Среда, Авг 22 2018

Децата од Гевгелија кои се на бесплатно летување во Струга, покрај престојот на езеро имаат и секојдневни активности за рекреација, анимација и забава

 

Децата од Гевгелија кои се на бесплатно летување во Струга, покрај престојот на езеро имаат и секојдневни активности за рекреација, анимација и забава.
Изминативе денови тие во друштво со деца летувалци од Прилеп, Скопје Центар и Шуто Оризари се натпреваруваа во фудбал, одбојка на плажа и кошарка, а имаа и можност организирано да го следат финалето од меѓународниот младински натпревар во ракомет што се одржа викендов  на игралиштето во Струга. Денеска децата учеа веслање на кајак со инструктор и се натпреваруваа во брзинско пливање до одредена релација.

Од забавниот програмски дел за активација децата беа активни учесници во игрите: „покажи што знаеш“, „откачена фризура“, натпреварувањето за „златен глас“, избор на мис и мистер, маскенбал, караоке шоу, а утре следува танцувачка вечер.

Бесплатниот летен одмор е во организација на Министерството за труд и социјална политика каде во објектот „Мајски цвет“ што е непосредно до брегот на Охридското езеро, престојуваат 178 деца од четири општини од државата, меѓу кои 56 деца од Гевгелија, сите од редовите на социјално ранливи категории на семејства.
Задоволството на децата од престојот е видно од фото галеријата во прилог каде е забележително нивното активно учество во сите осмислени игри, спортувања и натпреварувања.



ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актерот Дац му подри метла на Заев

Инспириран од резултатите од првиот изборен круг и воздржаноста на некои од

Повеќе

Пендаровски води со 4.596 гласови

 

На петтите претседателски избори одржани во неделата, на 21 април,

Повеќе

Гевгелија го надмина законскиот цензус на излезност

 

Со излезност од 58,24% до 18:30 часот, според првичните податоци на ДИК,

Повеќе

Гевгелија до 13 часот со поголема излезност од државниот статистички пресек

 

Вкупниот гласачки капацитет на општина Гевгелија е ставен во функција

Повеќе

Претседателски избори 2019 - ден на гласање

 

 

Петтите по ред Претседателски избори во Македонија денеска се

Повеќе

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.