Топ Новости

 

 

Дневна слика на едно сончево попладне во Гевгелија, кога низ улиците се движат и велосипедисти, и случајни минувачи, и ученички во школски црни кецељи со бели јаки на враќање од училиште. Поголеми девојчиња се, гимназијалки.

Во времето кога читаме новинарски извештаи за „фрлање на ученици низ прозор“, „малтретирање и тепање на соученичка во двор на училиштето“, за „прободен ученик во школски двор“ мораме да се запрашаме за вредностите на едно време, кога ученикот зрачеше со култура на јавниот простор. Тоа значеше „Добар ден“ за секој постар што ќе се сретнеше на улица, чантата во рака, една прошетка по тротоар низ главната улица и, право дома.

Немаше кафичи да им го одземе времето по тротоарите и улицата. Само една слаткарница каде на поминување можеа да се почестат со корнет сладолед, чаша боза и целуфки (потпечени шампити) кои летаа во просторот со секоје загризување. Важно беше другарството, муабетот, отпратувањето до дома и договорот дали вечерта ќе се сретнат на корзо.

Корзото се одвиваше по улицата „Маршал Тито“ по гранитните коцки, за возрасните и семејните луѓе, а младите се тискаа, по своја желба на десниот тротоар од улицата. Овде другарките, или паровите кои сакаа да се покажат дека се заедно, поминуваа во пар по тротоарот кој се простираше од сегашниот маркет „Кит го“ до крајот на тротоарот кој завршуваше до познатата гевгелиска кафана „Рубин“ што ја стопанисуваше познатиот гевгелиски угостител Перо Карајанов. По излозите од продавниците на десниот ред од тротоарот беа „фраерски“ потпрени момците кои ги одмеруваа девојчињата, која ќе го возврати погледот, која ќе му се насмее, кога ќе се роди симпатија. Немаше телефони, немаше мобилни, немаше месинџер за договор, немаше вибер. Се ловеа емоции во живо.

Можеби на сегашниве млади нема да им се допадне унифицираноста со кецељите, но новите модерни колеџи и универзитети тоа исто така го практикуваат. Ако модата се менува, колку се менуваат луѓето и нормите на дружење, запознавање, дневните и ноќни прошетки и седенки.

Фотографијата е од сончева Гевгелија во 60-те години од 20 век. Време кога сите беа среќни и задоволни ако го уловат моментот кога објективот ја испишувал историјата на една Гевгелија која останува овековечена во спомените.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

СЈО со жалба бара притвор за Главчев и Димитровски

СЈО и понатаму бара притвор за Ратко Димитровски, сопственик на печатницата

Повеќе

СЈО со нова истрага „Поштенска Банка“

СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски осомничени во новата

Повеќе

Асфалтирани три улици во Миравци

Вчера асфалтна постилка доби и улицата „Елена Минчев“ во должина од 130 метри,

Повеќе

Гевгелија го чествува 11-ти Октомври

Денот на македонското востание одбележан со полагање свежо цвеќе на Спомен

Повеќе

СЈО со нови 6 истраги

Подарок, Пропаганда, Дизајн, Хармонија, Базни станици, Пациент, се новите

Повеќе

Нов притвор за криумчар на мигранти

На регионалниот пат Негорци - Прдејци во близина на „Психијатриската болница

Повеќе

11 Октомври - Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на  Република

Повеќе

Патрола на АРМ пукала во воздух и спречила влез на мигранти

АРМ со предупредувачки истрели во воздух спречила влез на мигранти во земјава,

Повеќе

Владата пристапи кон измени на Уставот на Република Македонија

На денешната 92 седница Владата на РМ донесе Одлука за доставување Предлог до

Повеќе

Донирано возило за гевгелиската детска градинка

Континуирана грижа на општината за подобрување на квалитетот за престој на

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.