Топ Новости

 

 

Познатата фонтана „Детенцето со рипка“ во центарот на Гевгелија веќе неколку децении наназад е препознатлив фото мотив од најужниот град во државата.

Создаден во периодот на послевоена Гевгелија кога урбанизацијата и развојот на градот и општината се во подем и денеска опстојува со истата конфигурација на просторот: каменеста подлога, облик на базенот со вода во форма на благ парамециум, црна боја на фигурата на детенцето поради што некои го викаат и „црнчето“. Се' е исто со децении на овој уметнички препознатлив објект од Гевгелија. Само боровото дрво насадено до фонтаната пораснало, па наместо гранки денеска фото објективот бележи развиено стебло на дијаметриски големо и високо нараснато дрво на бор.

Сонцето со иста милина ги привлекува минувачите да ја одберат оваа патека за пешачење покрај дрвјата. Незаобиколни посетители на фонтаната се и птиците кои овде ја гаснат жедта, ја смируваат жештината со престојот под ладовината на краевите од фонтаната, пијат вода со клуновите, ги подмиваат крилцата, прелетуваат над водата и во трк се бањат.

Човекот создал, а природата го опкружува како дел од својот амбиент на животен простор кој заедно го делиме.

Во прилог на светскиот ден на бездомниците, Гевгелија ја потсетуваме на ова голо детенце со рипка од која се распрскува вода дека со децении е вдомена уметничка фигура во гевгелискиот центар, за потсетување на урбаните вредности и сеќавања за одржувањето на квалитетот на животниот простор од сите нас кои го користиме и споделуваме секојдневно.

 

Фото: Најстарата фотографија од познатата фонтана, која датира од 20 век, направена од непознат автор 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

Повеќе

Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.