Музичка приредба

Четврток, 01 Ноември 2018

Музичките и сценските афинитети на младите одсекогаш мамеле голем интерес кај публиката

 

 

Музичките и сценските афинитети на младите одсекогаш мамеле голем интерес кај публиката, особено домашната, семејната, сограѓанската.

Во деновите кога Гевгелија се подготвува за одбележување на Денот на општината познато е дека културната програма ја пополнуваат домашни и локални изведувачи.

Така беше и во годините од минатиот век. Цела дузина ученици ангажирани во училишна претстава за одбележување на општинскиот празник: училишен хор, училишен оркестар и соло изведба на најдобриот глас. Публиката е некаде десно надвор од објективот.

Под диригентската палка на музичкиот педагог Александар Поповски пее трогласен хор составен од ученици од V до VIII  одделение од основното училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија. Во оркестарот, во првиот ред на мандолина свират: Сашо Бојков, Ице Дојранлиев, хармоника Ратко Џеков, а во вториот ред на гитара свири Ване Дојранлиев.
Солистка е Пенка Стафидова, ученичка од VIII клас, подоцна успешна ракометарка во некогашниот гевгелиски ракометен клуб ЖРК „Керамика“.
Има и други за препознавање. Можете да се потрудите и сами, ако ве држат спомените од далечната 1972 година. Важно е што и после цели 46 години не спласнува меракот за песна, заедничко музицирање и културно воздигнување на новите генерации млади.

 

Музичка сценска и рецитаторска приредба во салата на ОУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија - тогаш новоотвоизградена со публика од наставници, родители и гости од локалната заедница

 

Last modified on Четврток, 01 Ноември 2018 - 23:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првите капачи во Дојран

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен

Повеќе

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.