Во време кога домашните миленичиња стануваат мода, да се потсетиме на една дамнешна пасија на гевгелиските момчиња да чуваат и одгледуваат гулаби.
Дрвена куќарка во задниот дел од дворот со неколку рафтови за одмор на птиците не беше необична слика за дворовите во минатиот век, бидејќи голем дел од семејствата заради прехрнување одгледувале и кокошки.
Но гулабите не биле на семејното мени, туку атракција за задоволство најчесто на младите момчиња. Ги чувале, ги одгледувале, ги хранеле со своја рака, ги летале на слобода и задоволството е птицата пак да се врати дома во дворот каде припаѓа.
Слободниот лет на птиците, понекогаш и 30-на на број под контрола на твојата рака полна со пченкарни зрна е исполнетото чувство на контрола и поседување на довербата на птицата.

Денеска урбанизацијата и модернизацијата донесе други приоритети во изборот на домашните миленици - расни кученца, мачки, папагали, хрчаци, минијатурни зајчиња... за гулаби никој не прашува.

Сепак, небото над Гевгелија го прелетуваат диви гулаби, гугувки, страчки, но го нема грациозниот лет на јатото од старите гулабари.

Посветено на копнената птица со вито тело, позната како доста интелигентна, способна да прелета со точност огромни релации, користена низ векови како писменосец, а сега симбол на мирот во светски размери.


 

Фото: Момчешка мераци - домашно одгледување на гулаби во Гевгелија, средината на 20 век


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.