Топ Новости

Мандарина покрај Вардар

  • Четврток, Ное 15 2018

 

 

Умерената тропска клима во Гевгелија ја прави погодна за виреење на растенијата и плодовите познати по својата распространетост во медитеранскиот климатски појас.
Познати ни' се палмите, дрворедите од палми, украсните растенија по дворовите, некаде и бананите. Лимоните пак одамна се одгледувале како домашно растение кое за да не биде смрзнато а плодот упропастен, се саделе во големи лимени, или дрвени каци и се чувале на топло место дома, најчесто во светларник или во влезниот проширен простор од куќата.
Што да кажеме за смоквите како познато јужно овошје од кое се прави најубавото домашно слатко во нашите краеви. Тука се и маслинките, кои изминатава деценијаипол почнаа да се одгледуваат и плантажно за производство на ладно цедено маслиново масло.

Таква е Гевгелија. Полна со медитерански плодови и производи од нив.

На фотографијата е една осамена мандарина. Дрвото е никнато на самиот раб од мостот на Вардар. Полно е со зрели плодови, но никој не ги собрал. Дали навиките да ги кулуваме јужните плодои од пиљара, или пазар ги одвраќа случајните минувачи од свежината на плодот на мандарининото дрво?

Фантастичниот плод на мандарините се издвојуваат со својот тропски свеж вкус и здравствена корист. Од сите цитрусни плодови тие содржат најмногу витамин Ц, богати се со витамин Д кој е важен за заштита на децата од рахитис (заболување на коските) и витаминот К кој е особено важен за еластичноста на крвните садови.

Користа од овој плод е позната за човековиот организам. Нејзинот раскошен изглед пак само ја потврдува медитеранската слика за Гевгелија. Затоа до завчера уживавме во температури до 26 степени целзиусови во ноември, а од денеска ќе се навикнуваме на есента.

Мандарината останува да го поздравува сонцето и водите на Вардар и топлиот ветар Вардарец кој го носи мирисот на манрадините по своето течение кон југ.

Што знаеме. Можеби некогаш ќе добиеме и дрвореди од мандарини како во познатата улица „Цимиски“ во Солун. И таму никој од улицата не ги собира плодовите, но се приказ на топлина, сочност со својата јарка боја и живот кој вирее во градскиот урбан простор.

За осамената мандарина да не биде осамена на југот од Гевгелија.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.