Гевгелиска Венеција

Петок, 16 Ноември 2018

Растечки број на птиците и гулабите во Гевгелија кои никој не ги храни како атракција на урбаниот простор е се поприсутна слика деновиве

 

 

Растечки број на птиците и гулабите во Гевгелија кои никој не ги храни како атракција на урбаниот простор е се поприсутна слика деновиве, разлетани во јато на небото, или стамено позирајќи на покривите од зградите во строгиот градски центар.

Дали ги јадат трошките од локалните сендвичари, кафеани, пијат вода од малата фонтана во центарот на градот, како преживуваат, природата и птиците самите си знаат.
Стануваме ли гевгелиска Венеција? Ако ги прашаме локалните стопанственици на дрворедот покрај улицата „7-ми Ноември“ кои со искуството од птичјиот измет низ годините сите мораа да стават платнени, или пластични тенди, ќе речат „Не фала!“

Но, сликата на птичјата посетеност во центарот на Гевгелија е се' поприсутна. Што знаеме за гулабите?


Една од најубавите приказни за гулабите е поврзана со градот Венеција и фактот дека денес на централниот плоштад Свети Марко, живеат илјадници гулаби кои се вистинска туристичка атракција. А, сè започнало во 12-от век кога венецијанскиот дужд Енрико Дандоло, извојувал голема победа како крстоносец, а веста во родната Венеција ја донеле гулабите. По враќањето дома, дуждот го убедил Сенатот да издаде акт со кој Венеција во знак на благодарност се обврзува – додека има свет и век – да ги храни сите гулаби кои ќе побараат прибежиште во Венеција.

Гулабите во воени цели доста успешно се користеле и при опсадата на Париз 1870-1871 година, за време на француско-пруската војна. Откако ја увиделе предноста што ја имаат при користењето гулаби, големите воени сили како Германија, Русија и Италија, покрај секој свој воен објект граделе и гулабарници. Во Првата светска војна се смета дека се користеле преку 500.000 гулаби за разнесување на пораки. Причината била едноставна – истренирани гулаби писмоносци можат да летаат со брзина од 130 километри на час, а можат да прелетаат од 100 до 1.000 км во еден ден. Така може слободно да кажеме дека, благодарение на гулабите и нивните пораки, биле спасени голем број на човечки животи. Затоа и не изненадува фактот дека во градот Лил, Франција, подигнат е споменик на паднатите гулаби од Првата светска војна.

Ништо помала не била улогата на гулабите и во Втората светска војна кога некои гулаби добиле и одликувања за нивната заслуга. Колку биле гулабите добри за брза комуникација, говори и фактот дека во Втората светска војна, Германците биле принудени да користат тренирани јастреби за да ги напаѓаат гулабите и да ги спречат во пренесувањето на пораките.

Гулабите и нивната способност се чини секогаш ќе бидат во фокусот на интересирањето, не само на одгледувачите, туку и на полицијата, па неретко ќе се појават во весниците интересни статии поврзани со гулабите. Така на пример, во 2016 година индиската полиција во близина на границата уапсила гулаб кој наводно носел заканувачки пораки за индискиот премиер. Велат гулабот, сеуште е во затвор без право на посета.

Во текот на историјата гулабите поминале низ сè и сешто – од свети птици и домашни миленичиња, преку гулаби воени херои до денешни украси на плоштадите и за жал, гурмански специјалитети во најелитните светски ресторани.

Во оваа приказна за гулабите ќе ја спомнеме изјавата на познатиот научник и нобеловец Никола Тесла кој на својот хотелски балкон се грижел за една бела гулабица. Тесла бил многу осамен човек па за него гулабицата била единствената љубов или како што самиот рекол “Ја сакам како што маж може да сака една жена”.

За жал денес голем број луѓе гулабите главно поради изметот кој го прават, ги сметаат за напаст и ги нарекуваат градски стаорци, непознавајќи ја важноста и симболиката на оваа птица.
Гулаби кои живеат на плоштадот Свети Марко во Венеција го чинат секој жител по 275 евра годишно,пресметале тамошните власти. Тоа е оптеретувањето кон даночните обврзници за трошоците за чистење на изметот од гулабите од споменици и други атракции на градот под отворено небо.

Па, ќе бидеме ли гевгелиска Венеција, грижејќи се за овие птици кои оставаат така убава глетка над градот!?

Last modified on Петок, 16 Ноември 2018 - 19:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првите капачи во Дојран

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен

Повеќе

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.