Прошетка по дожд

Недела, 25 Ноември 2018

Од стариот фото албум на гевгеличани

 

 

Ретка фотографија на еден пријатен дожлив ден поминат во прошетка со друштво.

На фотографијата се другарки - гимназијалки. Не се враќаат од училиште, туку со чадор и насмевка го пополнуваат со дружба дожливото попладне низ улиците на Гевгелија.

Местото ви е познато - раскрсницата кај старата зграда на тогашниот Комитет од север и градската библиотека од југ на улицата „Маршал Тито“. Долж улицата што ја сече „Маршал Тито“ позади ја нема зградата Гортинија, наспроти го нема „Југо“ сега „Аполонија“.

Фотографијата е од 60-те години на минатиот век. Потсетување на една младост и исполнетост со среќа, кога за убав ден и убав помин ви треба само чадор и средба со другарките, или другарите.
Пробајте и вие за убав ден да поканите на прошетка по дождот барем еден пријател, на разговор под чадор на сеуште пријатниот ноемвриски воздух кој ќе ве освежи.

 

Гимназијалки на прошетка низ улиците на Гевгелија - 60-те години на XX век

Last modified on Недела, 25 Ноември 2018 - 18:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првите капачи во Дојран

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен

Повеќе

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.