Топ Новости

 

 

Во месецот декември две училишта од општина Гевгелија одбележаа свои патронати, а ООУ „Крсте Мисирков“ 60 годишнина од своето оснивање од далечната 1958 година. Тоа е повод да се потсетиме на големиот придонес на образованието и новите генерации деца и млади кои со знаења и умешност станаа новите градители на заедницата и носители на развојот, модернизацијата и просперитетот.

Првите училишта во Гевгелија датираат од 1919/20 година во кога биле отворени првите прогимназијални паралелки во Гевгелија, со воведување на полудневна настава. Оваа неполна гимназија не функционирала редовно. Тие го доживеале просрпското и пробугарското влијание, се' до годините на воените дејствија кога образованието замира, а новите почетоци ги бележиме веднаш после Втората Светска Војна.

ФОТО: Првото училиште во предвоена Гевгелија во куќата на Ристо Ќаев - гранитните плочки укажуваат дека е на главната улица, сегашна „Маршал Тито“

Со интензивен курс на напредни и интелигентни младинци што се одржа на Кожуф планина, предводен од Савка Ѓеоргиева и Душко Ѓеоргиев, подоцна станува и Министер за Култура во Социјалистичка Република Македонија, се оформи првиот наставен кадар пратен да учителствува во Гевгелија, да го описмени и образува подмладокот, веднаш после ослободувањето на Гевгелија од фашистичкиот окупатор. Потребата била дотолку поголема што пред почетокот на војната, во периодот од 1919 до 1941 година во гевгелискиот регион средно училиште завршиле само 30 ученика, а 13 студенти дипломирале на разни факултети.
Така во 1935/1936 година во Гевгелиската околија скоро 50% од населението било неписмено.

Првите учители, почнале со работа во првото послевоено училиште отворено во Гевгелија. Тоа било основното училиште „Владо Кантарџиев“, формирано 1944 година, кое 12 години по ред опстојувало како четиригодишно училиште, за подоцна да прерасне во осумгодишно основно училиште. Со растежот на генерациите и завршените образовни класови се создала потреба и за средно образование во Гевгелија, па во 1956 година започнува со работа и средното училиште „Јосиф Јосифовски“.

ФОТО: Изградба на средното училиште во Гевгелија, именувано по народниот херој Јосиф Јосифовски, во 50-те години од XX век

Повоениот растеж носи и семеен развој кој создава потреба за отварање на ново основно училиште за другиот реон од градот. Така во 1958 година започнува со работа основното училиште „Крсте Мисирков“ најпрво во старата зграда на грчкото училиште (кај сегашниот хотел „Аполонија“), а подоцна е изградена нова училишна зграда во 1967 година. Во 1995 година била направена двокатна доградба како нов административен дел.

ФОТО: Ученици од IV одделение со учителката Фимка Тошева, беа меѓу првите кои образованието го продолжија во новоизградената училишна зграда „Крсте Мисирков“ во 1967 година

Во Гевгелија работи и основното музичко училиште „Васо Карајанов“, основано со акт на Собранието на општина Гевгелија од 5. октомври 1978 година, а се наоѓа во просториите на некогашната гевгелиска болница и породилиште.

74 години организирана образовна дејност со над 400 работници наставен образовен кадар и близу 2.500 ученици и средношколци и 74 генерации изучени деца и наши сегашни сограѓани, угледни граѓани, бизнисмени, стопанственици, лекари, спортисти, креативци ... тоа е гордоста на оваа професија која е значаен дел од општествениот систем - образованието.

Да Ви се честити јубилеите наставници наши, ученици наши и генерации завршени и општествено и стопански активирани горди сограѓани на Гевгелија!

 

ФОТО: Колективот наставници на ООУ „Крсте Мисирков“ пред бистата на својот патрон - преродбеникот Мисирков, по повод одбележувањето на 60 годишниот јубилеј од образовната дејност на училиштето

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.