Нова Година некогаш во Гевгелија

  • Вторник, Јан 01 2019

 

 

Градот кој важи за транзитна европска линија-Гевгелија, не ја заборавал традицијата за свечен дочек на Новата година и испраќањето на грижите од старата, со песни, музика, игри и танци до полноќ и после полноќ.

Новото напредно послевоено време ги направи актуелни друштвените собирања за Нова Година. Прво беше актуелен „Задругар“, потоа Клубот, па следуваа новите угостителски објекти, мотелот од југословенскиот угостителски ланец „Inex“ кај Вардар, подоцна новиот објект на Негорските минерални бањи со ресторанстскиот простор.

Се славеа 31 наспроти 1-ви јануари, а се славеше и првиот ден од годината 1-ви, наспроти 2-ри јануари за тие што не обезбедиле место за новогодишно славење, или за неуморните за забава кои ги поминуваа во друштво и двата празнични деноноќја.

Се шиеја тоалети празнична гардероба за двата празнични дена, за со ново и со подновено да се започне годината. Поголемиот дел секако славеа со домашна празнична веселба во друштво со музика од радио, или од грамофон, а најчесто се пееја песни од страна на музичките мераклии, нестрпливи веселбата да не помине без добра песна, весели ноти за љубов, за среќа, за чочек и по некоја тарамбука, или прсти удирање од маса за такт.

Такви беа времињата. Скудни, но убави, исполнети со среќа, надеж и полна душа за дружење.

Фото: Друштво на дочек на Нова година во далечната 1969 година во мотелот кај Вардар, тогаш во состав на  југословенскиот угостителски ланец „INEX“ - не недостасувал ниту Дедо Мраз

Фото: Дочек на Новата 1969 година во мотел „Inex“ кај Вардар - пола век фото историја

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

Русија го призна новото уставното име на Македонија

Руската Федерација денеска ја призна Република Северна Македонија

Повеќе

АМСМ: Поради сообраќајка затворен автопатот Градско-Велес

Сообраќакот се одвива по регионалниот пат Градско-Велес

Повеќе

Богданчани - најдобри математичари

Ваквата титула ја заслужија учениците од ОУ „Петар Мусев“ од Богданци кои на

Повеќе

Паднаа пресуди од 211 години затвор за Крвавиот четврток

Митко Чавков, како носител на „златна команда“ доби казна од 18 години затвор и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.