Топ Новости

60 години сончев фото колаж од Гевгелија

Сабота, 02 Февруари 2019

Сончевината од далечните 60-ти години од XX век низ фото колаж прелеани со денешницата од втората декада на XXI век

 

 

Централната градска улица, шеталиштето „Маршал Тито“, генерациите од средината на минатиот век ја знаат како гевгелиско корзо.

Дење низ улицата поминуваа пешаци, велосипедисти, автомобили, автобуси, а ноќе тоа беше место за собирање и шетање низ гевгелиското корзо.

Препознатливата слика на ѕидот од фасадата на некогашната деловна зграда на трговското претпријатие „Солун“ (мурал од 1959 година) се сјаеше со сета своја убавина, а под него поминуваа, на одење кон гимназијата, ученички/матурантки облечени во црни кецељи. Прошетките по овој дел од градот до неодамна не ги забораваа и пензионерите, правејќи кругови од Кит-Го до аптеката, па пак назад, а по пат ќе ги продискутираа сите актуелности во градот и државата. Така се одеше и корзото - ќе стасаш до крајот на шеталиштето и пак назад. И шетањето беше така подолго во чекори, и муабетот со друштвото за шетање подолго траеше.

Фото: Центарот на Гевгелија во 60-те години од  XX век

Наспроти лежерноста на тоа време, кога улицата „Маршал Тито“ беше дење дозволена за сообраќај, а ноќе преполна со корзисти, денешната слика на овој проостор е друга: плочник, канделабри, клупи, урбана опрема, рекламни билборди и летни тераси на кафулиња кои се претворија низ времето, еве веќе неколку години наназад, во стален угостителски простор што го узурпира шеталиштето и ширината на погледот низ централната улица, позната како „Од станица до граница“.

Фото колажот ќе ве потсети и на стопанските промени на овој простор, од некогашната самопослуга на „Солун“ сега се сјае рекламата за новиот станар, банката „Silk Road“, а во долниот дел од зградата дограден е простор за „Македонски пошти“. Недостасува книжарницата „Култура“ која сега е книжарница „Ние-пром“, недостасува трафиката на „Тутун“ која сега е бутик, недостасува антенскиот столб на Радио Телевизија Гевгелија која по земјотресот од 1990 година продолжи да функционира во некогашните административни простории на ТП „Солун“, на горниот спрат над самопослугата.

Сонцето и денеска ја огреа Гевгелија. Можете да прошетате низ овој дел од градот и да се потсетите на промените настанати низ времето и општествено-економските трансформации, или едноставно низ фото колажот да ја доловите вистината за тоа дека сонцето во Гевгелија никогаш не недостасува.

Фото:  Минатото и сегашноста прелеани во една слика - Сончевината од далечните 60-ти години од XX век низ фото колаж прелеани со денешницата од втората декада на XXI век

 

Last modified on Сабота, 02 Февруари 2019 - 03:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.