Гевгелија - некогаш и сега

  • Недела, Фев 03 2019

 

 

Фото колаж за Гевгелија со приказ на централната градска улица со поглед од запад кон исток.

Амбиенталниот дел од познатата гевгелиска архитектура, комплексот дуќани, и уште пркосна на времето зградата на некогаш „Радио Гевгелија“ се од левиот дел на сликата. Тоа е архитектонскиот амбиент кој ги задржал своите контури на улицата „Маршал Тито“ во Гевгелија кое денеска има свој нов изглед и употребна намена, со по некое фасадно дотерување и комплекс времени тераси на угостителските објекти, кафиќи, слаткарницата.
Десниот дел од сликата се прелева во фотографски запис од сегашноста, направен во втората декада од 21 век.
Четирикатницата на северниот дел од улицата е уште тука, ама со нови фирми - салонот за бела техника „Бор Комерц“ кој од мината година е дислоциран, канделабрите се дел од модерниот урбан лик на шеталиштето во Гевгелија, клупите за починок на минувачите. Во центарот на сликата се издига горниот дел од комплексот наречен од гевгеличани „Лепа Брена“ заради белиот изглед на градбата и највисокот здание во центарот на градот.

Полната улица народ е од времето пред Втората Светска војна. На сликата десно се униформирани лица од тогашната административна управа на Гевгелија. Лево е господин во градско одело со бастун, а момчето е облечено во тогашниот модерен комплет кој наликува на морнарска униформа.
Гевгелиската улица од станица до граница беше поплочена со гранитни коцки, а од двете страни на улиците беа засадени дрвја црници кои секоја пролет се подкаструваа за оформување на нивните крошни.

Една улица, еден живот, една Гевгелија, прелеана низ 80 години фото историја.

 Фото колаж од Гевгелија - 80 години фото историја


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.