Топ Новости

Забавниот живот во 50-те години од XX век

 

 

Петчлен состав на гевгелиски музичари во летната бавча на Задругар,
Нивното дневно вежбање привлекува група млади момчиња кои со воодушевување ги следат тактовите на музичарите, зошто навечер на звуците од музичарите ќе има игранка. А, на игранката, можност да ја поканат на танц својата симпатија, скриениот мерак на душата.

Таков беше забавниот живот во 50-те години од XX век. Младите се забавуваа на игранки кои се организираа како во Гевгелија, така и по селата. Тоа беше место за средба, фаќање за рака за оро, танцување во пар. Искри од мераци, погледи, ишарети во живо, наместо денешните лајкувања на социјалните мрежи.

Во Гевгелија најпозната беше летната бавча на Задругар. Овде се организираа игранки, подоцна наречени „Сина ноќ“ - кога забавата имаше избор на најдобар танцувачки пар, или избор на убавица на вечерта. Буќет цвеќе, бомбоњера за убавицата, а титулата на убава мома во градот ќе ја носи цела младост, до венчавка.

Секоја сезона си имаше своја сина вечер, а подоцна и секоја летна бавча (онаа на ТП „Солун“, па на ЗИК „Винојуг“) организираше такви забави со избор на убавици, така што Гевгелија имаше многу убавици кои генерациите ги паметеа за свои.
Гевгелиското корзо подзастануваше на моментот на прогласувањето, а ако не је видеа убавицата со букет преку оградата од летната бавча, за неколку минути низ корзото ќе се раширеше веста за новата „лепотца“ во градот.

Врска на сето тоа случување беше музиката и оркестарот музичари кои магијата на едно време ја носеа со генерации и генерации после нив, во незаборав.

Фото: Гевгелиска музичка група на дневна проба пред вечерната игранка проследена од локални момци во обид да го научат тактот, да ја пребродат тремата пред да ја поканат девојката на танц - од 50-те години на XX век

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

Членството во ЕУ на Хрватска и донесе 10,7 милијарди евра

Економијата на Хрватска инкасирала неповратни средства во износ од 1,9

Повеќе

Спасовски и чешкиот министер за внатрешни работи во посета на ГП Богородица

Потпишан договро од еден милион евра донација од Владата на Чешка за МВР за

Повеќе

Гевгелиски олимпијци по француски јазик

Ана и Никола од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија на регионална „Олимпијада“ по

Повеќе

„Не биди ѓубре“ со акции во Валандово и Дојран

Параѓубаџиите вчера, во саботата изведoa акција за чистење на локации во

Повеќе

Градоначалник ДЈ со музика до хуманитарни средства

Перо Костадинов: На крајот на денот, најважно е дали некому сте помогнале

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.