Урбана опрема

Сабота, 16 Февруари 2019

Оградени тротоари - мерка против недисциплираните возачи

 

 

Железните столбови поставени на ивицата од тротоарите долж улицата „7-ми Ноември“ во Гевгелија е новата урбана слика на влезот од Гевгелија.
Наместо разубавување, столбовите имаат намера да ги спречат несовесните возачи да паркираат на простор наменет за пешаците. Дотолку повеќе што пешачкиот простор, (целиот тротоар) не е доволен да ја опфати ширината на еден автомобил, па голем дел од несовесните возачи паркираат со двете тркала на површината од тротоарот, а со другата на улицата.
Така се создава редица од возила кои не можат да се разминат, особено во термините кога некој решил да плати „само за минутка“ сметка за вода во тука лоцираното јавно комунално претпријатие, да тркне да испазари „за минутка“ во соседнитe дуќани, или само да го остави детето на секција во „Пионерски дом“... Многу изговори за „една минутка“ која трае повеќе од 60 секунди, а нестрпливите возачи кои се спречени во нормалното одвивање на сообраќајот со така паркираните возила, имаат право и на нервоза, но да не премине во сообраќајна неконтрола.

Затоа општина Гевгелија превзеде мерки на одржување на урбаниот простор наменет за пешаците кое воедно е и пречка за возачите да го користат за непрописен паркинг, а тоа придонесува и кон поголема безбедност во сообраќајот.

 

Last modified on Сабота, 16 Февруари 2019 - 13:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.