Некогаш најголемата управна зграда на транспортниот гигант „Млаз“ од Богданци стои во распад пред минувачите на улицата „Маршал Тито', пред богданчани, и пред транзитните минувачи.

Познатата шесткатница, најголемиот комбинат во Богданци, транспортен гигант во времето на Југославија, кое вработуваше речиси најголем дел од работоспособното население во оваа јужна општина, каде се склучуваа договори со реномирани фирми од државата и Европа стои како авет да ги потсетува богданчани за едно убаво време, но и за негрижата кон општествено граденото добро кое после перипетиите меѓу старо-новите сопственици стана хипотекарен имот за раздолжување на долговите.
Таблата со ознаката „СЕ ПРОДАВА“ стои огласена пред влезот на зградата и понудата за откуп на 600 метри квадратни локал и 1.400 метри квадратни стамбен простор (веројатно канцелариите на останатите пет катови од зградата).

Некогаш во "Млаз" работно се остваруваа 1.720 работника од Богданци и околијата. Млаз беше транспортен гигант за времето на СФРЈ, опслужувајќи ги најголемите компании во сите тогашни републики од Македонија до Словенија. Располагаше со возен парк од 80 автобуси и 320 камиони, сите од познатата и реномирана марка "Мерцедес", со просечна старост на возниот пак од пет години.
Во склоп на транспортното претпријатие некогаш активно работеа и Фабриката за приколки со површина од 15.000 метри квадратни, Фабриката на пружини (федери) единствена во СФРЈ со квадратура од 18.000 метри, погон за протектирање на гуми за тешки возила според лиценцата на "Бандаг" од САД, сервисот на "Млаз" во Гевгелија каде се опслужуваа дневно по 35 возила за сервисирање, исклучиво од типот на "Застава" и беше еден од само двата такви постоечки на некогашните ју - простори.

По трансформацијата на капиталот во 1996 година, од општествен во приватен, во акционерската книга имаше запишано 1.200 акционери, но само 60-тина останаа на работа во клучната 2013 година кога Управниот суд ја поништи одлуката за упис на новиот сопственик „Шимов транспорт“ и во Централниот регистар го впиша стариот сопственик на 23% од капиталот Васе Петрушев.

Вработени останаа незадоволни од состојбата, бидејќи, така всушност станаа фирма без газда, без капитал, бидејќи со судска одлука изречена во март 2013 од Основниот суд во Велес, замрзнати се сите акции, без право на продажба, ниту право на управување со истите.

55 години растеж, а за распад требаше само една судска одлука за замрзнување на имотот и неможност фирмата да ја обавува дејноста со заостанати 12 автобуси и 18 камиони, со просечна старост од 30 години, а марките на возилата беа од непознати фирми.

Фото: Управната зграда на Млаз пред која се паркирани цистерна и камион додека 60 акционери од фирмата со избран нов Управен одбор чекаат разрешница на судските постапки, жалби, уписи, капитализација на имотот, раздолжување на хипотеките - мај 2013  година

Богданчани се гневни на својата судбина. На неуспешните нови лицитации за продажба на имотот, за пропаднатите акции кои од по неколку илјади евра им станаа безвредни.

Што ќе каже основачот и визионерот на гигантот „Млаз“ познатиот Томче Шимов, веќе починат?
Тој, во далечната 1958 година, немајќи пари за создавање на фирмата што е формирана со одлука на Собранието на Богданци, ја продал својата домашна крава и со парите купил два стари камиони од репарацијата дадена од Германија на ЈНА, како отштета на земјите со кои војувала. Како мајстор-механичар, тогаш вработен во "Трансбалкан" во Гевгелија, ги поправил камионите и со нив го започнал бизнисот, без да добие ниту денар од ветените буџетски пари како помош од Општината Богданци. Растежот и развојот на богданскиот транспортен бренд траел се до 1991 година кога тој заминува во пензија, а на југословенските простори започнуваат воените турбуленции и почетокот на распадот на СФРЈ, а со тоа и распадот на стабилниот пазар со тогашните републики.
Со неговото заминување од челната позиција на претпријатието во 1991 година започна и надолниот пад на фирмата, потпомогнати од воените дејствија на подрачјето на некогашните југословенски републики, каде "Млаз" важеше за доминантен превозник-транспортер, со склучени ексклузивни договори за нафтената индустрија "ИНА", за фармацеутскиот гигант "Плива" од Загреб, а со војната и расцепот на СФРЈ се изгубија контактите со тие пазари.

Војната во југословенски рамки беше едан фактор од распадот на „Млаз“ во 2013. Војната на суетите на старо-новите газди со пиши бриши овластувања го дотолчија недвижниот имот на претпријатието, со блокади на влезовите од објектите, со протести, со судски хипотеки, блокади на имот, по што вработените ги потрошија надежите останувајќи со обезвреднети трудовложувања во гигантот „Млаз“.

„Млаз“ го преживеа осамостојувањето на Македонија, војните на југословенскиот простор, приватизацијата, но не и суетоте на своите старо-ново раководни кадри промовирани во акционерски газди.



 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.