Електростопанство Гевгелија

  • Недела, Фев 24 2019

 

 

Гевгелија како град бил меѓу првите градови после Скопје и Битола кој добил електрафикација во 1930 година, заедно со Тетово, Велес, Куманово, Штип, Крива Паланка, Виница и Кочани.

Од првата светилка во Скопје во 1909 година до електрификацијата на сите поголеми градови во државата во 1940 година, поминале три децении. Главни причини за забавената електрификација на овие простори биле слабиот економски развој на стопанството, неразвиената индустрија, а важно е да се спомене дека Македонија во тоа време не била самостојна држава туку провинција на туѓи кралства и империи.

Во тоа време електричната енергија се произведувала во мали хидроелектрични централи, но имало и централи на дизел и јаглен.
Најзначајни производствени објекти кои биле изградени пред Втората светска војна се: ХЕЦ „Пена“ со моќност од 1.760 КW изградена во 1927 година, Дизел електраната во Скопје изградена во 1933 година со моќност од 1.000 KW и ХЕЦ „Матка“ со моќност од 4.160 KW изградена во 1938 година.

Гевгелија важела за главна транзитна зона на трговските стоки уште од крајот на 19-от век со воспоставувањето на железничкиот сообраќај Скопје - Солун, во 1887 година.
Општествениот и демографски развој и електрификацијата на општината со населените места придонело после војната во Гевгелија да биде формирана и посебна подружница на „Електростопанство Македонија“ ПЕ Гевгелија.

Првата трафостаница беше изградена на локација на Мрзенски рид, во близина на индустриската зона каде беа сместени тогашна Пекара на ТП „Солун“, „Електронка“, оранжериите на „Цвет“. Во невреме со грмотевици од удар на гром, на 30 јули 1969 година трафостаницата се запали. Тогаш настрада дежурниот ВКВ електричар Живко Дојранлиев, кој дејствувајќи во просторијата со главниот трансформатор добива изгоретини од трет степен. Со пожртвувана долгомесечна нега на тогашниот тим лекари при Општа Болница Гевгелија останува жив. Опожарениот трансформатот и трафостаница во Гевгелија стануваат причина за инвестиционен ангажман на Електростопанство на Македонија во Гевгелија.
Електростопанство на Македонија започна изградба на нова трафостаница со нов помоќен трансформатор во дворот на истата локација, а изгорената трафостаница остана како магацински склад.

Во чест на тие растежи и сопствени инвестирања ЕСМ организираше свечено пуштање во употреба на новиот објект со сечење на црвена лента на кое присуствуваа покрај претставници од инвеститорите „Електростопанство на Македонија“ и претставници на Општината и стопанственици-потрошувачи.



Фото: Отварање на новата 110 KW трафостаница во Гевгелија во 70-те години на XX век


Високото ниво на оперативност и заштита остана синоним на вработените во Електростопанство Гевгелија. Гевгеличани ги оставија зад себе, во сеќавањата деновите кога и по 3-4 дена остануваа без струја, а поради немање моќ да се покренат водените пумпи, градот остануваше и без вода. Се купиваа свеќи, се полнеше вода од дворовите каде се' уште имаше бунари, се грижеа жителите на Гевгелија да ја прзживеат оскудицата од електрика.

Новата трафостаница е пуштена во употреба на Денот на ослободувањето на Гевгелија 7-ми Ноември. Меѓу високите гости е и Митко Теменугов Железни, тогаш претставник на Извршниот Совет на Гевгелија и носител на Партизанска Споменица од 1944 година за учеството во Народноослободителната борба во Македонија.

Во чест на тие растежи се потсетуваме на успесите на работните луѓе од пред пет децении.

 



Електроенергетскиот систем на Македонија од 1945 до 1990 година се развивал и бил составен дел од електроенергетскиот систем на поранешна Југославија. По распаѓањето на југословенската федерација и осамостојувањето на Република Македонија како независна држава следеше и прекинот во високонапонската мрежа со остатокот од СФРЈ. Ова значеше и осамостојување на македонскиот електроенергетски систем кој и покрај тешкотиите не дозволи поголеми проблеми во снабдувањето на потрошувачите со електрична енергија. 

Единственото претпријатие „АД Електростопанство на Македонија“, во 2005 година се подели на три претпријатија и тоа „АД ЕЛЕМ“ за производство на електрична енергија, „АД МЕПСО“ чија дејност е преносот на електрична енергија и „ЕСМ АД“ за дистрибуција на електричната енергија. Со купопродажниот договор во Април 2006 година „ЕСМ АД“ станува сопственост на концернот EVN AG од Австрија, a со ребрендирањето во 2008 година ова претпријатие го добива сегашното име ЕВН Македонија АД Скопје.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.