Занаетчиството во Гевгелија

  • Недела, Мар 03 2019

 

 

Гевгелија со својата традиција на над 130 години град има и стопанско минато и корени во своите вредни жители. Голем дел од нив до Првата Светска Војна во најголема мера се занимавале со земјоделство, а дел биле и занаетчии. Се разбира, за да се развива градот требале ѕидари, столари, ортомари, лимари, ковачи кои биле дел од занаетчиските дејности со кои се занимавале помалиот дел од населението во градот.

Занаетчиска дејност во Гевгелија датира уште од средината на XIX век, а до 1900 година во градот биле присутни следните занаети: дограмaџии (столари), колари, самарџии, шнајдери, ковачи, папуџии, лимари, мутафчии, бербери, бакарџии, бојаџии, фурнаџии, сарачи и други.
Исто така, населението во Гевгелија се занимавало и со земјоделство и сточарство (одгледување на крупен и ситен добиток). Клучен напредок за стопанско-економската состојба на Гевгелија имало организираното производство на свилен конец, поточно, во основањето на манифактурните работилници. Тие потоа прераснале во фабрики т.н. филанди кои, всушност, ја мобилизирале целата економија на градот до Првата светска војна (1913/14 год), но и во периодот помеѓу двете светски војни.

Кон крајот на XIX и почетокот на XX век населението во Гевгелија, покрај свиларската и трговската дејност, се занимавало и со занаетчиство. Занаетчиите во Гевгелија главно го сочинувале градскиот среден слој. Помеѓу повеќето занаети кои се негувале во Гевгелија, најстари занаети биле: кираџискиот, арабаџискиот, коларскиот, сарачкиот, берберскиот, шивачкиот и други.

Тишлерскиот занает почнал да се негува во Гевгелија уште во 1918 година, а најбаран бил во периодот меѓу двете светски војни, сè до 1950 година. Покрај нив, во Гевгелија имало и други занаети како шарлагански, самарџиски, воденичарски, лимарски, ќурчиски, кујунџиски, берберски, ковачки, чојаџиски и други. До 1912 година имало 132 дуќани, а најбројни биле чевларските, берберските и
фурните.
Од старите занаети во Гевелија останале 9 берберски дуќани, 3 чевларски дуќани, 1 златарски дуќан, потоа, 2 шнајдерски дуќани, 1 часовничарски, повеќе тишлерски и молерајски работилници и други.

И денеска во модерниот и електронски напреден XXI век занаетите се уште барани. Но, сега се актуелни некои други видови струки, по превземањето на индустријализацијата на дел од занаетчиските гранки (чевларство, текстилната индустрија), а некои едноставо исчезнале. Актуелни се електро монтерите, компјутерски сервисери, фризерници, бјути салони, монтери на клима уреди, системи за сончева енергија и затоплување. Секое време носи свои потреби и нови видови занаети кои ги налагаат навиките на потрошувачите.



Фото: Група молери со пријателите на пауза на гевгелиското сонце - средина на XX век

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.