Премиерско селфи

Вторник, 02 Април 2019

Сите селфија на премиерите Заев и Ципрас од денешната посета на нашата земја 

 

 

Премиерите на Македонија и Грција, Заев и Ципрас денеска со селфи заедно ја одбележаа историската посета на грчкиот премиер на нашата земја.
Прв по својот мобилен апарат посегна Заев и направи селфи со колегата Алексис Ципрас, а во позадина беше македонскиот владин состав и делегацијата министри што го придружуваа грчкиот премиер.

Фото: Прво селфи пред Владата на РСМ

Второто селфи беше со двајцата премиери кои во позадина ги имаа бројните новинари, камермани и медиумски работници.

Фото: Второ селфи на двајцата премиери

По заедничката фотографија со министерскиот состав од двете земји Ципрас му порача на Заев дека сака да се фотографираат и со новинарите кои на грчки јазик му довикуваа „Едо кирјос Александрос!“  И, добија уште едно групно селфи со двајцата премиери и стотината претставници на медиумите кои известуваа за денешната историска средба на грчкиот премиер на нашата земја пречекан со високи државни почести.

Фото: Трето селфи беше посветено заедно со бројните медиумски работници кои известуваа од настанот

„Среќни моменти за уште посреќна иднина за народите на нашите пријателски земји“, напиша премиерот Зоран Заев поставувајќи го своерачно направеното премиерско селфи на својата Фан страна на социјалните мрежи (насловното фото).

 

Last modified on Вторник, 02 Април 2019 - 16:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.