Концерт на „Бојмија“ за децата со посебни потреби

Вторник, 23 Април 2019

Хуманоста, не значи само дарување, туку и да направите некого среќни, да му предизвикате радост, да му ја вратите насмевката.

Членовите на ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија вчера приредија доброволен концерт наменет за штитениците на Центарот „Мајка Тереза“ каде на дневен престој се децата со посебни потреби од Општината.

Сцена за настапот беше дворот и игралиштетто на Центарот, а публика беа тамошните деца посетители на дневните програми за учење, анимација, забава и нивните ментори и волонтери.

Програмата сите ја проследија со возбуда и радост, а заврши со заедничко оро на децата играорци и децата штитеници. Објектовот ги улови и насмеаните лица на публиката, со кои „Бојмија“ докажува дека ја исполнила својата дневна мисија за ширење среќа и радост. На крајот од посетата членовите на Ансамблот беа запознаени со активностите на Центарот „Мајка Тереза“, работните простории, катчињата за едукација и забава и секојдневните програми кои ги обавуваат децата со посебни потреби во дневниот центар „Мајка Тереза“.

Дружбата заврши со желба за повторна посета на драгите гости од „Бојмија“.

 

 

Last modified on Вторник, 23 Април 2019 - 13:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.