Топ Новости

Претставата „Синиот портокал“ гостува во Гевгелија

Недела, 02 Јуни 2019

Театарската претстава „Синиот портокал“ од авторот Џо Пенхол, а во режија на Александар Ивановски, утревечер гостува во Гевгелија со актерскиот состав на Театарот „Јордан Хаџиконстантинов - Џинот“ од Велес.

Ова е годишен проект на Театаор „Џинот“ поддржан од Министерството за култура со своја премиера во април 2017 година.

Претставата „Синиот портокал“ е македонска праизведба на истоимениот драмски текст на британскиот автор Џо Пенхол, кој во своите драми се занимава со современиот социолошки контекст, а ликовите за кои пишува се индивидуи кои бараат себереализција во општеството кое робува на бирократизација и меѓучовечки ривализам.

Станува збор за саркастична комична пиеса, која се осврнува на расата, менталната болест и британскиот живот во 21-виот век. За првпат е поставена во 2000 година во Националниот Театар во Лондон и доживува голем успех освојувајќи ги наградите за најдобра драма на три престижни британски фестивали.

Во центарот на оригиналната пиеса се двајца психијатри кои се обидуваат да се справат со млад шизофрен пациент, афроамериканец кој доаѓа од црнечкото гето, кој во постановката на драмата во Велешкиот театар се вика Ерџан и е ром, кој заглавува во лавиринтот на својата шизофренија, но и во лавиринтот на психијатриската клиника.

Во претставата настапуваат актерите Самоил Стојановски, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Драматургијата е на Катерина Момева, сценографијата на Филип Коруносвки а автор на музиката е Сашко Костов.

„Синиот портокал“ гостува на сцената на Народниот театар во Гевгелија утре вечер, понеделник 3-ти јуни со почеток во 20 часот.


Last modified on Недела, 02 Јуни 2019 - 15:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

Заев од Гевгелија: Ова не е гола борба за власт туку носење храбри одлуки за

СДСМ и коалицијата „Можеме“ вечерва одржаа отворена трибина со граѓаните на

Повеќе

Марија Костадинова од СДСМ: Не за рудници во нашата земја

Марија Костадинова кандидат за пратеник на СДСМ во ИЕ4 денеска со експресен

Повеќе

Марија Костадинова - капитални проекти за инфраструктурно поврзани граѓани

Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од општина Гевгелија за

Повеќе

Од денеска Македонија ги отвори границите без обврска за тест и карантин

Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што

Повеќе

Обнова на рудниците ветува ВМРО-ДПМНЕ

Во предизборната капмања ВМРО-ДПМНЕ ја актуелизира темата за отварање на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.