Штрумфета или страшило - Скулптура на Меланија Трамп стана потсмев во јавноста

Недела, 07 Јули 2019

Севница е родното место на Меланија Трамп, првата дама на САД. Горди поради својата најпозната сограѓанка тие деновиве и' поставија скулптура од дрво во природна големина со познатиот син фустан што го носеше за време на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп, нејзиниот сопруг, во 2017 година.

Скулптурата е проект на американскиот концептуален уметник Бред Дауни, а во нејзината природна големина беше изработена со моторна пила од локалниот занаетчија Алеш Зупевц. Но, наместо почести, новото обележје на градот Севница изнуди главно потсмев од јавноста, кои ја споредуваат со Штрумфета и страшило. Спомен скулптурата покрај синилото и контурите од лице, има кренато една рака горе во знак на поздрав, гест што го правеше Меланија кога ја отпоздравуваше публиката за време на инаугурацијата, а камерите ја ловеа со „намрштена“ фаца.

Малиот словенечки град Севница откако направи мед, вино, торта, салама, па дури и папучи во нејзина чест, сега ѝ крена и статуа на својата најпозната ќерка – првата дама на САД, Меланија Трамп, ама не се задоволни од резултатот и приемот од јаноста.

„Разбирам зошто луѓето мислат дека скулптурата не личи на неа. Јас мислам дека резултатот е апсолутно прекрасен“, изјави авторот на делото Дауни.

Тој вели дека го избрал локалниот мајсор Зупевц да ја направи скулптурата откако дознал дека е роден иста година и во иста болница како Меланија Трамп.

Астрологија, дрводелство и уметност... Кој да го разбере тој спој како израз на почести.


Last modified on Недела, 07 Јули 2019 - 11:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

Поцков: Гевгелија е веќе на прав пат

Со проектите што ги спроведува општина Гевгелија на терен како во областа на

Повеќе

Граѓанска трибина „На прав пат“ во Гевгелија

Новата кампања на СДСМ со слоганот „На прав пат“ вечерва беше промовирана и во

Повеќе

Облечете се потопло денеска и понесете чадор - студот од Европа ќе донесе ниски

Многу студена впздушна маса која е со потекло од Арктикот, уште во текот на

Повеќе

Државниот секретар на САД Мајкл Помпео во посета на Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пред два часа пристигна во Охрид,

Повеќе

Собранието изгласа покачување на платите на јавната администрација

Со 82 гласа „за", без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та

Повеќе

Се уредува нов детски парк во Миравци


Деновиве, во тек е уредување на нов детски парк за најмладите жители на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.