Топ Новости

Смоквијада со концерт на Хари Мата Хари во Гевгелија

Вторник, 30 Јули 2019

Евровизискиот претставник на Босна и Херцеговина за 2006 и балканска музичка ѕвезда со децениски стаж на сцената Хари Мата Хари годинава ќе гостува со свој концерт на манифестацијата „Смоквијада“ во Гевгелија.

Традиционалниот фестивал на смоквата годинава се одржува по 13-ти пат. Секогаш главно место на манифестацијата е варењето слатко од зрели смокви кое е посебен специјалитет на гевгелиските домаќинки. Ова е класика која останува, а новитет на програмската манифестација и збогатувањето на содржините со четиридневни настани, но и посебен музички концерт за посетителите на манифестацијата.

Хари Варошановиќ ќе настапи на 31 август на сцената која ќе биде поставена на Ракометното игралиште во Гевгелија, простор секогаш резервиран за настаните на гевгелиската „Смоквијада“.

Варењето слатко од смокви ќе се одржи еден ден порано на 30 август на истиот простор, во тревнатиот дел со ќумбиња на дрва што е дел од амбиенталната слика за овој сладок домашен кулинарски ритуал.
Почетокот на манифестацијата е на 29 август со организирана дегустација на производи од зрели смокви и забава наменета за младите „Смоквијада на зајдисонце“.

Најважниот дел - прогласувањето на победниците е предвидено за 1 септември кога ќе биде одржано и предавање за „Нутритивните вредности на смоквата“ за нејзините хранливи и лековити вредности.

Со концертот на Хари Мата Хари и Гевгелија се впишува во градовите кои организираат настапи на балкански музички ѕвезди за пополнување на летната културна понуда во градот.




Last modified on Вторник, 30 Јули 2019 - 14:10

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.