Топ Новости

Културна алтернатив - БОШ по 11 пат во Гевгелија

Четврток, 22 Август 2019

Од вечерва, со отварање на колективната изложба „Арт резиденција Папрадиште“, а потоа прикажувањето на пет кратки филмови од т.н. „Летно кино“ во Народниот театар започнува четиридневната алтернативна културна манифестација БОШ 2019 во Гевгелија, по 11-ти пат.

Од 22 до 25 август на четири фестивалски сцени ќе се одржат 14 уметнички настани, од ликовната, музичката, филмска и театарска дејност. На репертоарот се концерти, изложби, претстави, перфроманси, работилници, саем на алтернативни издавачки продукции и работилници, диско забави и веќе озваничениот традиционален алтернативен простор - Сифулајка. Во текот на трите фестивалски дена (петок, сабота, недела), предвидени се бројни, off-mainstream содржини, (професионални и аматерски), пред се' интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања.
Сите настани се бесплатни.
За одбележување е театарската претстава „Црнила ремикс“, која ќе се одржи во Народниот театар во Гевгелија, како и концертната програма на ракометното игралиште во Гевгелија, која стартува со настапот на ансамблот „Фолтин“.

БОШ беше првиот приказ на гевгелиската алтернатива пред 11 години, носејќи многу уметнички изведувачи од државата на неконвенционални простори пред гевгелиската публика: плочникот на Старата градска чаршија, дворот на Старото Забавиште во Гевгелија, тревникот пред Народниот театар. Еден од неговите иницијатори беше Бошко Бозаџиевски, млад актер од Гевгелија. По неговата прерана смрт фестивалот остана посветен на традицијата и неговиот град - Гевгелија, останувајќи и понатаму збиралиште на македонската алтернатива и собиралиште на уметници и нови поклоници на творештвото.

- „Инаетот и цврстиот карактер за децентрализација на урбаната култура е она што ги турка напред организаторите сиве години, вели Марија Стојанова, член на организациониот одбор на фестивалот и додава: „БОШ фестивал си има свое мото, а тоа е секоја година да биде барем за нијанса подобар од претходната“.

- „Фокусиран повеќе од било кога кон локалното, БОШ во својата 11-та година се отвара кон глобалното. Пробува да се излечи себе си од сите трауми, егзистенцијални кризи и неизвесноста за иднината преку одговорност за континуитет во децентрализираната фестивалска промоција на современите уметнички независни продукции. Да создаде културно лечилиште со егзотика на отворено, мирис на небо, подземјето на мегдан, земјата под нозе. БОШ Фестивал во Гегелија од 22– 25 август, за Бошко, за нас, за вас, за нив, четири дена за сите!“ - е јавната покана од организаторите на „БОШ Фестивал“ и Здружението „Арт еквилибриум“.
Фестивалската сцена се отвара вечерва во 19:00 часот со колективната изложба од Папрадиште во фоајето на Народниот театар, а во 20 часот следува „Летното кино“ на истиот простор. Влезот е слободен, а уметничката програмска понуда можете да ја воспримите со сетилата бесплатно.


Last modified on Четврток, 22 Август 2019 - 15:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.