Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Прво место за „Дон Кихот“ од Гевгелија на меѓународниот уметнички фестивал во Бугарија

Понеделник, 02 Декември 2019

На годинашниот 14-ти по ред фестивал на уметноста од меѓународен ранг „Утринска ѕвезда“, кој се одржува во Банско, Р. Бугарија, Драмската група „Дон Кихот“ од Гевгелија, го освои првото место.
Ова е второ учество на гевгелиската аматерска драмска група на овој престижен меѓународен фестивал и по втор пат прво место за нивните претстави.
Годинава, во многу силната фестивалска конкуренција на учесници, аматерската драмска група „Дон Кихот“ од Гевгелија го освои првото место со претставата „Како да се ограби банка“, во режија на Катица Џишева-Дупарова и продукција на Домот на културата од Гевгелија.

Минатата 2018 година возрасната група на драмското студио „Дон Кихот“ од Гевгелија го освои првото место со претставата „На здравје“ што ја режираа сестрите Даниела и Катица Џишеви. Покрај првото место младите актери од Гевгелија освоија и специјална награда во вид на ваучер во вредност од 500 евра за учество на драмскиот фестивал во Албанија, кој се одржува 2019 година. Ова е резултатот од првото дебитантско учество на донкихотовите актери на уметничкиот фестивал во Банско, минатата година.
За сцојниот успег режисерката Цишева изјавува:
– „Уште еднаш нашите членови го покажаа раскошниот талент и професионализам кој очигледно е пресуден за освојување награди на фестивалите, но и потврдија дека со право се добитници на сребрената плакета по повод празникот на општина Гевгелија“ – вели раководителката на драмското сртудио „Дон Кихот“ Даниела Џишева.
Актерската игра беше доверена на Каме Ќаев, Светлана Стојковиќ, Лазе Николов, Ангелина Шуклева, Петар Јанчев и Сандра Спасовска. Сценографијата е дело на Михаил Петров.

Фестивалот во Банско траеше пет дена, а на него настапија 2.500 аматери-членови на театарски групи од Македонија, Грција, Украина, Шпанија и Бугарија. Сите тие пред стручното жири го презентираа својот уметнички талент во осум различни области.

Фестивалот „Утринска твезда“ работи и дејствува под заштита на УНЕСКО и има голем број настани од областа на културата и спортот во кои годинава учествуваа околу 3.000 учесници од многу европски земји.


Last modified on Понеделник, 02 Декември 2019 - 17:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.