Топ Новости

Новогодишен хуманитарен концерт на ансамблот „Бојмија“ - „Заедно сме посилни“

Вторник, 24 Декември 2019

Гевгеличани предновогодишно секогаш традиционално ја заокружуваат културната годишна понуда со новогодишен концерт на Ансамблот „Бојмија“ годинашниот добитник на Општинската награда „7-ми Ноември“, сребрена плаќета за достигнувањата и негувањата на културните традиции на општина Гевгелија за 2019.
Освен познатите песни, танци и ора кои се дел од репертоарот на овој наш фолклорен репрезент, годинава за прв пат во рамките на Новогодишниот концерт со свои изведби беа вклучени и децата со посебни потреби од Центарот „Мајка Тереза“. Поради заедничкиот настап со орото „Вие се оро македонско“ и изведбата на младиот Ѓорѓе, кој придружуван со својот тапан ја отпеа „Мајка на Марика думаше“ (штитеници од центарот „Мајка Тереза“) годинашниот концерт остана обележан во знакот на хуманоста и одликата на соработката на „Бојмија“ со овие членови на нашата заедница.

„Заедно сме посилни“ е насловот на сценсото претставување на членовите на „Бојмија“ и нивните концертни гости изведувачи. Претседатеот на Ансамбот изрази задоволство од музикалноста на децата со посебни потреби и од фактот колку тие деца имаат слух за пеење и играње.
- „Имавме, многу проби со нив, во нивниот центар, а колку се тие успешни, видовте и на самиот концерт“, истакна тој.
Отец Димитар Ташев, од центарот „Мајка Тереза“ изрази голема благодарност до ансамблот „Бојмија“ што ги вклучи децата со посебни потреби во својот концертен репетоар: „Нема поголема радост за овие деца кои и покрај својот хендикеп поседуваат голема дарба, но и потреба за играње и пеење“, посочи отец Ташев.

Во салата на Народниот театар во Гевгелија присутната публика можеше да ги проследи тзведбите на ората и песните „Преспански игри“, „Егејски игри“, „Осоговка“, „Биљана платно белеше“, „Беломорски бисер“, „Игри од Источна Македонија“, „Водарки“, „Калајџиско“, „Пијанец“ и „Огреала месечина - Излегу мамо да се рашета“.

Културата секогаш има потреба од поддршка. За таквата помош и поттик за опстојување во чувањето и негувањето на македонската традиција и фолклорот од нашиот крај беа поделени и Благодарници на Општина Гевгелија и институции и компании кои ја задолжиле „бојмија“ во своите успеси со несебична финансиска поддршка.

Новогодишниот концертен настап „Заедно сме посилни е поддржан од Министерството за култура, Општина Гевгелија, а е спроведено во соработка со ЈОУ Пионерски дом.

Настанот имаше и изложбено-хуманитарен карактер со отворена продажба на предмети изработени од децата од „Мајка Тереза“ и од Дневниот центар за лица со посебни потреби од Гевгелија кои беа изложени во холот на Народниот театар. Сите собрани средства од Новогодишниот хуманитарен настан и изложба „Заедно сме посилни“ се наменети токму за потребите на децата со посебни потреби од општина Гевгелија.


Last modified on Вторник, 24 Декември 2019 - 21:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Од коронавирусот во Кина починале 56 лица, епидемијата се забрзува

Здравствените власти на Кина денеска соопштија дека кај 1975 лица е потврдена

Повеќе

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.