Топ Новости

Зголемени социјални примања за семејството Рујковски од Миравци

Петок, 26 Јули 2019

Новиот Закон за социјала донесе нова надеж и поголема социјална помош за семејството Рујковски од Миравци. Двајцата невработени родители на четири малолетни деца од кои две со посебни потреби, со новата социјална политика на Владата преку Министерството за труд и социјала добиваат двојно поголема социјална помош, односно гарантирана минимална помош.

Дополнително, примаат детски и образовни додатоци и посебен додаток за Татјана (мајката која е со оштетен вид) и двете деца кои се исто така со оштетен вид.

Со подобрувањето на семејните примања по пат на социјална помош и додатоци за децата и додаток за инвалидноста семејството добива поголеми шанси за нормален социјален старт. Како невработени им следува и поддршка за преквалификација и вработување.
- „Грижата за подобри услови во семејствата со малолетни деца е грижа за секое дете да има еднаква шанса за подобро детство, подобар развој и старт во животот“, велат од Министерството за труд и социјала.

Семејството Рујковски деновиве лично го посети министерката на МТСП Мила Царовска која им донираше лупи за подобро да читаат децата со оштетен вид и им ја укажа сета помош од Министерството кое по закон му следува на ова шесточлено семејство од нашиот крај.

Last modified on Петок, 26 Јули 2019 - 02:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.