Фанка и Јонче се преселија во Миравци после 30 години поминати во Дом за лица со попреченост

Петок, 09 Август 2019

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги посети првите лица кои излегоа од ЈУ Завод за рехабилитација „Бања Банско“, институција за згрижување лица со физичка попреченост. Парот, Фанка Динова и Јонче Гогов, од април годинава ја напуштија установата и се преселија во семејната куќа на Фанка, во гевгелиското село Миравци и со тоа станаа првите деинституционализирани лица во државата. Обајцата претходно беа сместени во Заводот уште како деца, на 8 годишна возраст и во него поминале повеќе од триесет години.

Двајцата се со физичка попреченост, Фанка не може да оди поради што е во инвалидска количка, а Јонче не зборува, но со звуци и гестикулации на рацете ги искажува своите мисли и чувства. Се запознале во „Бања Банско“, најпрво биле другари, а подоцна почнала нивната љубовна приказна и трае 20 години.

- „Од мала посакував мојот живот да не ми заврши во институција, мечтаев да се вратам дома и сега тоа се оствари“, вели 39-годишната Фанка Динова, која заедно со партнерот Јонче Гогов (48) се првите лица со физичка попреченост кои го напуштија Заводот за рехабилитација „Бања Банско“. Тие по 30 години престој во Заводот се вратија дома, во рамките на проектот за деинституционализација на Министерството за труд и социјална политика.

Фанка Динова и Јонче Гогов веќе 3 месеци живеат во нејзината семејна куќа во селото Миравци, а им помага персоналната асистентка Ивана Динковска. Ивана исто е од селото Миравци и кога Фанка чула за програмата за деинституционализација ѝ понудила таа да биде нивен асистент.

- „Посебно се радувам што процесот на деинституционализација со кој изминатиот период беа опфатени само децата згрижени во институции, сега се спроведува и за повозрасните лица. Нашите заложби се во следните три години повеќе да нема лица сместени во институции и тие да станат дел од општетсвото, да живеат самостојно во заедницата со соодветна поддршка за што веќе развиваме сервиси на локaлно нивно“, изјави министерката Царовска при посетата во Миравци на првите штитеници од Бања Банско кои започнуваат самостоен живот дома, во село Миравци.

Делот од семејната куќа на Фанка беше реконструиран со финансиска поддршка од шведската фондација „Лоза“ и е обезбедена целосна пристапност. МТСП и агенцијата „UN Women“ обезбедија личен асистент за поддршка на Фанка и Јонче во секојдневниот живот.

Во следниот период Заводот „Бања Банско“ треба да го напуштат уште седумина возрасни користници кои ги прават последните подготовки за преселба. До крајот на летото тие ќе се вселат во четири станови во државна сопственост во Струмица. Нивните нови домови се целосно прилагодени, пристапини и опремени. Државата ќе обезбеди и лична асистенција и поддршка според потребите за да го поттикне вклучувањето на овие лица во заедницата.

Истовремено, се прават подготовки за преселба на сите седум деца под 18 годишна возраст од „Бања Банско“ во групен дом во заедницата.

Сите активности се прават согласно Националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник“ 2018-2027 и претставуваат премин од досегашниот застарен систем за социјална заштита заснован на „безлични“ институции, кон современ систем за поддршка и грижа во заедницата. Процесот на деинституционализација целосно ги почитува човековите права и ги зајакнува корисниците со што го поттикнува нивното активно учество во животот на заедницата и општеството.

Фото: Ѓ. Личовски - од СДК

 

Last modified on Петок, 09 Август 2019 - 01:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

Поцков: Гевгелија е веќе на прав пат

Со проектите што ги спроведува општина Гевгелија на терен како во областа на

Повеќе

Граѓанска трибина „На прав пат“ во Гевгелија

Новата кампања на СДСМ со слоганот „На прав пат“ вечерва беше промовирана и во

Повеќе

Облечете се потопло денеска и понесете чадор - студот од Европа ќе донесе ниски

Многу студена впздушна маса која е со потекло од Арктикот, уште во текот на

Повеќе

Државниот секретар на САД Мајкл Помпео во посета на Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пред два часа пристигна во Охрид,

Повеќе

Собранието изгласа покачување на платите на јавната администрација

Со 82 гласа „за", без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та

Повеќе

Се уредува нов детски парк во Миравци


Деновиве, во тек е уредување на нов детски парк за најмладите жители на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.