Диња - овошје кое помага за хидратација и диета на телото

Недела, 23 Јуни 2019

Дињата како плод е присутен на нашите трпези летото. И со право, бидејќи овој плод има многу вода, помага за хидратација и диета на телото. Поради нискиот процент на шеќер од само 5,5 одсто, дињата е погодно овошје за засладување и разладување.

Позната е како храна уште пред 4000 години. Денска нутриционистите ги откриваат нејзините корисни својства за хидратација на телото, за чистење на бубрезите, за антиканцерогените својства.

Плодот на дињата содржи 95% вода, 1% белковини, 5,5% шеќери, 1 грам растителни влакна, лимонска киселина, етерични масла. Од витамини содржи многу каротин (2000 милиграми), витамини од групата Б и витамин Ц, a од минерали богата е со калиум, фосфор, магнезиум и други.

Својата портокалово-жолтеникава боја, дињата ја добива од бета-каротенот, кој е моќен антиоксидант. Бета каротинот помага во борбата против ракот, а според некои последни истражувања се користи и во лечење на други типови на малигни болести. Затоа, дињата се смета дека е и антиканцерогено овошје.
Таа го забрзува варењето, па може да допринесе до брзо празнење на цревата, па дури и до дијареа. Препорачливо е ако имате проблем со стомакот да ја избегнувате, или да јадете по малку диња неколку пати на ден.
Доколку имате чувствителен стомак бидете умерени во јадењето диња, бидејќи може да делува раздразливо.

Како да избереме сочна диња? Дали само по изгледот, или по звукот на тропањето како кога проверуваме зрела лубеница. Искусните одгледувачи и познавачи на дињата велат дека пресуден е изгледот.
Еве неколку совети како да изберете сочна и блага диња: Сочната диња сјае, има силен мирис, златна боја и мрежички на неа. Исто така, дињата, колку е потешка, толку е посочна и побогата.

 

Last modified on Недела, 23 Јуни 2019 - 12:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

Францускиот сенат гласаше „ДА“ за членство на Македонија во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за

Повеќе

Шест добитници на 7-мо Ноемвриски награди за 2019, Александар Попов постхумно

Една награда за животно дело, две Златни плакети и три Сребрени плаќети е

Повеќе

МВР: Сузбиена организирана криминална група во криумчарење мигранти

Жители на Богородица, Ново Конско, Јосифово, Богданци, Селемлија, Марвинци

Повеќе

Фирми, граѓани, судии, адвокати од Гевгелија на црната листа на УЈП

На најновата листа на должници кон Управата за јавни пригоди, објавена на ВЕБ

Повеќе

Информативниот туристички центар во Гевгелија ќе стане и наплатен пункт за

По десет години тапкање во место и затворени врати на туристичкиот информативен

Повеќе

Богданчанец во пијана состојба, речеси до смрт претепал пријател

Основното Јавно обвинителство во Велес донело наредба за поведување на кривична

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.