Топ Новости

Се укинуваат квотите на лековите во аптеките, лековите подостапни до граѓаните

Вторник, 06 Август 2019

Од денеска низ аптеките во Гевгелија, Дојран и туристичките места Охрид, Струга и Ресен започнува да се реализира постапката за укинување на месечните квоти за лековите во аптеките. Тоа вчера го најави министерот за здравство, а денеска го потврди пратеничка од СДСМ, најавувајќи дека со тоа лековите ќе станат подостапни за граѓаните.

На истава тема се огласи и генералниот секретар на СДСМ, со дополнување дека пристапот до лековите ќе биде како и до сега, со рецепт на пациентот, или со достава преку некој негов близок. Во изјавата генсекот Љупчо Николовски вели:

„Денес од Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија започна укинувањето на квотите на аптеките. Укинувањето за цела Македонија ќе се реализира до октомври“, соопшти генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека „Секој издаден лек на рецепт во тек на целиот месец ќе биде покриен од здравствениот фонд. Нема турканици, чекање и паника за недостиг на лекови. Начинот на издавање на лековите останува непроменет. Пациентите кои не се во можност лично поради здравствени причини, како и досега ќе ги подигнат лековите преку своите блиски“, додава Николовски.

Last modified on Вторник, 06 Август 2019 - 15:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нови 9 бомби објавени на Ју Тјуб: „Орце шокираш“

Сведокот во случајот „Рекет“ Орце Камчев, шокира на Ју Тјуб.

Од 10-тина

Повеќе

Поволна бизнис клима преку регионална ЕУ соработка

Локалните самоуправи во Македонија се подготвуваат за развој на своите

Повеќе

Притвор за гевгеличанец насилник - со чаша повредил две жени

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за

Повеќе

Просечна пензија од 15.500 денари во 2020 година

Трократно покачување на пензиите во текот на 2020 година најави министерката за

Повеќе

Утре ќе има 4 часовен прекин во електроснабдувањето

Од ЕВН-Македонија известуваат дека утре 11 декември планирани се исклучувања на

Повеќе

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.