Топ Новости

Општина Гевгелија ќе стипендира студенти по медицина

Петок, 30 Август 2019

Со одлука на Советот на општина Гевгелија за одвојување средства за талентирани студенти по медицина од тековната студуска година 2019/2020 Општина Гевгелија ќе стипендира пет (5) талентирани студенти жители на општина Гевгелија кои се запишани на Медицинските факултети во РСМ.
Висината на стипендијата ќе изнесува 6.000 денари месечно, а ќе бидат одвоени од посебна ставка на Буџетот на Општината. Начинот на доделување е определен по пат на јавен конкурс што ќе го распише Комисијата за образование, култура спорт при Советот на општина Гевгелија.

Овој потег на стимулирање на студенти од областа на медицината е еден од начините општината да се справи со недостаток на кадри за обавување на здравствената дејност, лекари и специјалисти. Поради тоа Општата Болница Гевгелија беше принудена да ангажира медицински кадар од други медицински центри во земјата кои наплаќаат огромни суми за дневници, сместување, одвоен живот што им го плаќа установата. А, недостатокот од посебни специјалистички области кои се одраз на погрешната кадрова политика во Општа Болница изминатите години наназад, истата остана со специјалисти пред пензија без обезбеден специјализант кој ќе ја пополни работата во соодветната специјалистичка област, како инфективното одделение, кожното одделение, гинекологија, неонатологија, детското одделение и т.н.

Денеска донесената одлука ќе стапи во сила со денот на објавувањето во Службениот гласник на Општината и по истата Комисијата за образование ќе може да постапува.

Предлог-одлуката за стипендирање на студенти по медицина од Гевгелија до Советот на општината на разгледување и усвојување ја достави советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а за истата гласаа едногласно сите советници од локалниот општински Совет.


Last modified on Петок, 30 Август 2019 - 19:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почина музичарот Александар Попов (1933-2019)

Денеска попладне во 86-та година од животот почина познатиот музичар, музички

Повеќе

Бенефициите на поранешните претседатели на тапет кај ДКСК

Антикорупциска денеска побара „Да се раскине договорот за канцеларите на Иванов

Повеќе

Почна внатрешно уредување на реновираните блокови В и Г во студентскиот дом

Пред почетокот на студентската година, од Државниот студентски центар преку

Повеќе

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.