Се укинуваат квотите за лекови на рецепт во цела држава

Понеделник, 30 Септември 2019

Од утре (1 октомври) се укинуват квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава. Со оваа мерка, го решаваме деценискиот проблем. Граѓаните ќе имаат достапни лекови во кој било период од месецот“ изјавија денеска од Министерството за здравство.
Министерот Венко Филипче заедно со Премиерот Зоран Заев и директорите на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев и Орхан Рамадани, одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за реформата за укинување на квотите за лекови на рецепт на територија на целата држава.

- „Од 1 октомври граѓаните на Република Северна Македонија ќе имаат достапни лекови во кој било период од месецот. Со укинувањето на квотите, лековите се достапни за пациентите во секое време. Го зајакнуваме македонскиот здравствен систем и воведуваме вистински мерки во интерес на пациентите. Со достапни лекови во секое време, како и воведување на нови лекови, вработувања, зголемени плати и дежурства на здравствените работници, со подобрување на условите во јавните здравствени установи, како и максимална грижа за пациентите го враќаме достоинството во јавното здравство, за задоволни пациенти и задоволни здравствени работници“, потенцираше министерот Филипче.

- „Во месец август почна првата фаза од укинувањето на квотите во аптеките во Охрид, Ресен, Струга, Дојран и Гевгелија. Граѓаните на овие туристички места имаат редовен пристап до лекови во текот на целиот месец. Тие повеќе немаат страв дека може да останат без потребниот лек. Нивната терапија е обезбедена и секој пациент е снабден со лекови согласно нивните реални медицински потреби, без да прават залихи на лекови во нивните домови. По укинувањето на квотите во туристичките места, од утре следува целосното укинување во аптеките низ државата. Пациентите ќе имаат достапни лекови во секое време“ истакна на пресот министерот Филипче.

Last modified on Понеделник, 30 Септември 2019 - 16:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.