Министерот за здравство со гевгелиските пензионери

Понеделник, 07 Октомври 2019

Здружението на пензионери-Гевгелија ја поздравија мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт во аптеките низ целата држава. Тие денеска имаа работна средба во просториите на Здружението на пензионерите со првиот човек на здравството во државата, Министерот Венко Филипче. Тој ги извести за мерката „укинување на квотите за лекови“ при што, отсега, граѓаните во кое било време имаат лекови. Тој им посочи дека во сржта на функционирањето на Министсрството за здравство е акцентот на пациентите како главент фокус во здравствениот систем.
- „Обезбедивме квалитетни здравствени услуги и лекови согласно потребите на граѓаните“ нагласи министерот.

На средбата, тој ги информираше пензионерите дека денеска е отворено новото одделение за акутни состојби во ЈЗУ „Психијатриска Болница“ Негорци. Во фаза е подобрување и на условите во Општата болница со проширена дејност Гевгелија, психијатријата, лабораторијата, аптеката и сите специјалистички одделенија во Болницата.

- „Минатата година воведовме бесплатна вакцинација против сезонски грип за лица над 65-годишна возраст со просечна пензија и пензија под просечната како и лица без пензија. Оваа мерка се воведе првпат како пилот, а на овој начин се заштитени од грип и компликации најранливите групи стари лица, кај кои има и најчести компликации“ посочи министерот пред гевгелиските пензионери на денешната средба во Гевгелија.
Инаку, годинава вакцинацијата од грип ќе биде бесплатна за сите пензионери над 65 годишна возраст, за децата до 5 години, за труднците и за медицинските лица кои се дел од здравствениот систем и во директен контакт со пациентите.

Претходно, министерот за здравство Венко Филипче прошета низ аптеките во Гевгелија. Во разговор со аптекарките и затечените лица во аптеката на лице место се информираше како тече мерката со укинувањето на квотите за лекови на рецепт. - „Граѓаните во секое време ја подигнуваат својата терапија и повеќе не стравуваат дека можат да останат без потребниот лек. Тие се снабдени со лекови во текот на целиот месец“, констатира министерот од посетата низ гевгелиските аптеки.

Last modified on Понеделник, 07 Октомври 2019 - 19:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.