Топ Новости

ВИДЕО: Гевгелија добива апарат за рентген и компјутерски томограф

Вторник, 08 Октомври 2019

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа пријатно ги изненади гевгеличани со најавата за проширување на позитивната листа за лекови на рецепт и надминување на долгата процедура на одобрување од бројни и гломазни комисии, како и најавата за нови современи апарати за дијагностицирање во Општа Болница Гевгелија. „Здравството напредува и се гради и опремува со модерна апаратура во Гевгелија, констатира тој.
Со изградба на новото Акутно одделение во Психијатриска Болница Негорци, реновирањето на психијатриското одделение, лабораторијата, аптеката и чекалните во ЈЗУ „Општа Болница“ во Гевгелија, а од пред некој месец и сите специјалистички амбуланти, здравствениот систем во Гевгелија се подобрува.
Упатени се на специјализација тројца лекари, се плаќа работата на специјализантите, со плаќаат трошоците за нивна специјализација, ги стимулираме да учат и да напредуваат и да одлучат да останат да работат во нашата земја. Од е октомври ја зголемуваме и капитацијата за матичните лекари која ќе се пресметува наредниот месец за следувањето по капитација по глава на жител на секој матичен лекар во Општината, согласно договорите со ФЗОМ.

Ова синоќа пред гевгеличани го потенцираше министерот за здравство Венко Филипче. Аплаузите ги доби за најавата дека Гевгелија добива апарат за рентген и компјутерски томограф, и не мора болните за оваа стручна анализа да патуваат до Струмица или друг Здравствен центар во државата.
- „На прав пат сме да го зајакнеме здравствениот систем“, потенцираше министерот Филипче.

Last modified on Вторник, 08 Октомври 2019 - 19:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.