Д-р Крџев: Здравствените работници се на првата линија пред корона пандемијата

Четврток, 21 Мај 2020

- „Нашата држава Р.С.Македонија, соседните држави, Европа и поголемиот дел од светот денес се соочени со еден од најголемите здравствени предизвици. Денес постои нова здравствена опасност. Здравствените служби и институции во државата се на првата линија за справување со оваа сериозна здравствена криза. Внимателноста, одговорноста, сериозноста треба да биде од сите и за сите нас“, посочи на д-р Димират Крџев на пресот организиран од ОО на СДСМ Гевгелија, осврнувајќи се на корона состојбата во земјата и напорите што ги прават сите надлежни здравствени и други служби во државата.

Д-р Крџев истакна дека:
- „Владата на Р.С.Македонија и сите чинители неопходни за справување со оваа криза вложуваат максимални напори и ситуацијата денес е под контрола. Здравствените работници, полицијата, армијата, јавните службеници и сите граѓани кои учествуваат во борбата за справување со оваа зараза се за почит и чест. Наша задача како граѓани е да ги почитуваме мерките, а со тоа и да се заштитиме. Да се биде одговорен, потребна е максимална посветеност, ангажираност на секој еден од нас. Треба да се однесуваме зрело и одговорно затоа што се работи за нашето здравје, за здравјето на нашите најблиски.

Важноста на вчерашното прес-обраќање на д-р Крџев се актуелизира со денешната ковид слика во државата со 40 новодијагностицирани, како и вчерашната одлука на ОЈО Гевгелија да изрече 25 казнени мерки спрема граѓани прекршители на забраната за движење. Гевгелија три недели живее со затворен корона кластер, да не предизвикуваме нова корона криза во нашата општина. Затоа д-р Крџев, како доктор специјалист, како директор на Општа Болница Гевгелија и како претставник на СДСМ Гевгелија ја даде и оваа порака:

- „Здравјето на граѓаните е пред се' и над се'. Здравствените работници не можат сами. Граѓаните се тие  кои можат да помогнат да се надмине оваа здравствена криза. Одговорноста е должност на секој граѓанин. Секој граѓанин е должен да се заштити себеси и другите. Затоа - ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ МЕРКИТЕ! ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ!“

Last modified on Четврток, 21 Мај 2020 - 15:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.