Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Гевгелија на Covid-19 мапата на Македонија со 4 активни случаи

Четврток, 18 Јуни 2020

Четворица дијагностицирани во Центарот за јавно здравје Велес, ПЕ Гевгелија како позитивни од Ковид-19, од кои првите двајца регистрирани на 5 јуни, третиот позитивен е регистриран на 12 јуни, а четвртиот регистриран на 14 јуни.
Во регионот има уште еден позитивен на корона - жител на Валандово (од 16 јуни), еден жител на Стојаково, но тестиран во Скопје и по грешка напишан во општина Гевгелија. Така, во нашето опкружување, освен во Гевгелија со 4 позитивни, имаме и случај во Валандово и Стојаково, општина Богданци, бидејќи се под надлежност на третман преку ЦЈЗ Гевгелија кој е здравствено надлежен за општините Богданци, Дојран и Валандово.

Добрата вест е што тие се на домашно лекување и да се надеваме дека ќе поминат со лесна клиничка слика како и првите четворица заразени пациенти со коронавирус во Гевгелија кои веќе се обележани на мапата на излечени со Ковид-19 во Гевгелија, со бројка 4 „оздравени“.

Денешниот корона извештај за изминатите 24 часа на направени 1.348 тестирање е регистрирани 182 нови случаи на ковид-19. Од нив најголемиот број се во Скопје - 107, Тетово - 23, Куманово - 14, Ресен 13, Охрид 6, Струга 5, Гостивар и Штип по 4, Битола 2, и Струмица, Кочани, Берово и Неготино по еден позитивен случај на заразени со коронавирус.

Според статистиката најголем број од заболените 21,18% се од 60 години па нагоре, иако блиску до нив со 19.85% се возрасните групи од 50-59 години, со 18,24% се застапени генерациски од 30-39 годишна возраст, со 17,39% застапени се возрасните лица од 40-49 години, помладите од 20-29 години се застапени со 11,75%, а најмалку, но сепак заболуваат и децата и младите на возраст од 10-19 години со застапеност меѓу корона позитивните со дијагностициран ковид-19 од 5,6%.

Во црната статистика влегуваат и шестмина починати во изминатите 24 часа, со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 216 смртни случаи. Во регионот само Србија има повеќе смртни случаи од нас, вкупно 254 починати како последица на Ковид-19 на вкупно заразени 12.310 лица.

Денеска ИЈЗ бележи 33 оздравени пациенти, а вкупната бројка на оздравени од почетокот на епидемијата со короната изнесува 1.836 лица.

Со Kovid-19 во светот се потврдени 8,2 милиони случаи, од кои 445.535 се со смртен исход. Најголем број заболени има во САД со регистрирани над 4 милиони случаи. Во Европа бројот на заболените достигна 2.471.792 лица.

Министерот за здравство Венко Филипче повика на одговорност и совесност од граѓаните со примена на заштитните мерки од короната за да го заштитиме здравствениот систем кој веќе четврти месец се справува со короната секојдневно по 24 часа на ден. Засилени се лекарските тимови во ковид центрите со 54 ново распоредени доктори, се распоредува медицински персонал од јавните здравствени установи во државата, на располагање се 75 легла во монтажната болница до Инфективната клиника во Скопје.

Last modified on Четврток, 18 Јуни 2020 - 22:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.