Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Нов Ковид-19 случај во Гевгелија - девети по ред, петти активен

Петок, 19 Јуни 2020

Најновиот корона извештај од Министерството за здравство, добиени од 1.227 тетстирања во изминатите 24 часа, го регистрира новиот позитивен корона случај во Гевгелија, со едно дијагностицирано лице кое е петти по ред утврдено позитивен во текот на месец јуни во нашиот град, а деветти по ред од почетокот на корона епидемијата во државата.
Вкупната бројка на корона позитивни за изминатото деноноќие во државата изнесува 156 лица.

Заедно со претходните 2 случаи на позитивни од 5 јуни, еден случај од 12 јуни и еден случај евидентиран на 14 јуни, денешниот корона извештај ја прави Гевгелија позитивна на корона мапата на МК со 5 активни пациенти со ковид-19.

Во останатите податоци од корона извештајот за изминатово деноноќие стои дека има шест починати лица и 27 оздравени.

Најголем број од новозаразените се во Скопје 100 лица, Тетово 19, Куманово 11, Велес и Штип по 6 позитивни, Кочани 3, Струга 2, и по едно позитивно дијагностицирано лице во Дебар, Прилеп, Битола, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Кратово, Гевгелија и Свети Николе.

На листата на оздравени се уште нема од поранао утврдените активни корона-19 случаи од Гевгелија, што значи вкупната бројка на актуелни корона активни од 5 јуни до денеска изнесува 5 пациенти. Сите се на домашно лекување со секојдневен контакт од страна на матичните лекари.

Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на ковид -19. Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.820, бројката на оздравени пациенти е 1.863 (со стапка од 38,65%), на починати е 222 (со стапка од 4,6%), а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.735 (што значи стапка од 56,7% активни пациенти од вкупно дијагностицираните. Ова значи дека бројката на активни и бројката на вкупно дијагностицирани ги надминаа очекувањата како на домашните, така и на странските стручни лица во однос на однесувањето и ширењето на корона вирусот по земјите и низ светот.


Last modified on Петок, 19 Јуни 2020 - 16:40

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.