Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Уште еден оздравен пациент од ковид-19 во Гевгелија

Понеделник, 13 Јули 2020

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје од Скопје се известува дека за период од 24 часа регистрирани се 123 излечени пациенти од ковид -19. Во територијалниот распоред на излечените кои се од 11 општини низ државата, а едно оздравено лице е од Гвегелија.
Со тоа нашата општина на корона мапата на Македонија осамна со бројката 9, значи вкупно 9 излечени од почетокот на корона кризата во државата.
Останува уште едно активно лице позитивно на корона во Гевгелија. Едно активно лице со позитивен наод на корона има регистрирано и во општина Богданци.

Вкупната бројка на корона регистрирани за овој период на територијата на здравствена надлежност на ЦЈЗ Гевгелија е 12 заразени, 10 излекувани и 2 активни случаи.
За среќа, сите досега позитивни беа со лесна симптоматска слика, третманот на болеста го поминаа во домашни услови со следење на болеста од страна на матичен лекар. Исходот е „нула“ смртни случаи на подрачјето на општина Гевгелија и регионот на здравствена надлежност на ЦЈЗ Гевгелија.

Фото - корона мапа на Македонија:
1. Излечени - вкупно 4.203 во државата, 9 во Гевгелија, 1 во Богданци
2. Активни корона случаи - вкупно 3.526 во државата, 1 во Гевгелија, 1 во Богданци
3. Заразени - вкупно 8.111 во државата, 10 во Гевгелија, 2 во Богданци
4. Смртни случаи - во државата се регистрирани вкупно 382 смртни исходи од корона, но ниту еден случај на југот од државата.

Новооздравениот пациент од ковид-19 се пофали на социјалните мрежи за изборената битка со болеста и се заблагодари на стручната лекарска поддршка. 

Last modified on Понеделник, 13 Јули 2020 - 12:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

КЗБ: Од прво до трето одделение во училишните клупи, другите пред компјутер дома

На две недели пред почетокот на учебната година, Комисијата за заразни болести

Повеќе

Заев го доби мандатот за состав на Влада од претседателот Пендаровски

Денеска напладне со свечена церемонија во вилата Водно каде е резиденцијата на

Повеќе

Заев обезбедил мнозинство, Пендаровски утре му го доделува мандатот

Шефот на државата Стево Пендаровски утре (четврток 13 август) мандатот за

Повеќе

Првачињата на училиште, останатите он лајн настава од дома

Учениците од септември веројатно ќе останат дома, ова го најави министерот за

Повеќе

Маж од Миравци при рибарење се удавил во Вардар

Од полицискиот дневен билтен на МВР се известува дека вчера во водите на Вардар

Повеќе

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.