Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Дојран денеска на корона мапата на Македонија со едно позитивно лице

Вторник, 14 Јули 2020

Со едно новорегистрирано пизитивно лице на корона вирус со место на живеење Општина Дојран, после 141 ден од корона кризата во земјата најјужната општина во Македонија се впиша на картата на Македонија со општини каде е присутен вирусот корона.

Резултатот за едно позитивно лице на корона денес го објави Институтот за јавно здравје Скопје, а во податоците кои ги објави министерот за здравствот Венко Филипче, регистрирана е општина Гевгелија. Ова од причини што резултатот за тестот е направен и испорачан од страна на Центарот за јавно здравје Подрачна единица Гевгелија и се води како резултат од овој ЦЈЗ Гевгелија.

Со тоа во југот на државата досега има регистрирани 10 заразени случаи со корона во Гевгелија, 2 во општина Богданци, 6 во општина Валандово и последно регистрираниот еден случај во Дојран.
Излечени се 9- мина со дијагноза ковид -19 од Гевгелија, сите шестмина во Валандово и еден во Богданци.
Се' уште активни се по еден случај во Гевгелија, (лицето Александра Накова која се води како позитивна со адресно живеење во Гевгелија, а по инцидентот на напуштање на карантинот без да дочека негативен тест за да биде прогласена за оздравена таа е притворена и спроведена во државен карантин). Ама, во евиденцијата стои, се додека трае 14 дневниот карантин и да се утврдат два негативни теста кај неа, дека Гевгелија има едно активно лице на ковид-19.
По едно активно лице со ковид-19 има во општина Богданци и денешниот констатиран и потврден случај од ИЈЗ во општина Дојран.

Да им посакаме и на овие лица брзо да оздрават.

Денешниот корона биланс во државата е 8.332 заразени вкупно од почетокот на епидемијата, од кои 4.468 се веќе излекувани, 35 мина дарувале ковалесцентна плазма за лекување на ковид-19 болните лица, а остануваат активни вкупно 3.475 лица во 26 градови-општини низ државата.
Бројот на смртните исходи е 389 лица, што претставува стапка од 4,6%.

На мапата на Македонија вкупно 31 општина имале досега корона позитивни и болни лица, а 26 општини се' уште се справуваат со нови и активни случаи на ковид-19.

Фото прилог - Мапи на државата со распоред:
- Слика 1 - општини со број на активни корона случаи
- Слика 2 - општини со број на вкупно заразени случаи со ковид-19
- Слика 3 - општини со број на вкупно излечени пациенти од ковид-19

Last modified on Вторник, 14 Јули 2020 - 23:15

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

КЗБ: Од прво до трето одделение во училишните клупи, другите пред компјутер дома

На две недели пред почетокот на учебната година, Комисијата за заразни болести

Повеќе

Заев го доби мандатот за состав на Влада од претседателот Пендаровски

Денеска напладне со свечена церемонија во вилата Водно каде е резиденцијата на

Повеќе

Заев обезбедил мнозинство, Пендаровски утре му го доделува мандатот

Шефот на државата Стево Пендаровски утре (четврток 13 август) мандатот за

Повеќе

Првачињата на училиште, останатите он лајн настава од дома

Учениците од септември веројатно ќе останат дома, ова го најави министерот за

Повеќе

Маж од Миравци при рибарење се удавил во Вардар

Од полицискиот дневен билтен на МВР се известува дека вчера во водите на Вардар

Повеќе

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.