Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Новите 3-ца корона позитивни распоредени на корона мапата на МК - по еден случај во Гевгелија, Богданци и Дојран

Понеделник, 27 Јули 2020

Корона мапата на Македонија денеска со територијален распоред на тројцата новозаболени со ковид-19 евидентирани во вчерашниот извештај на ИЈЗ: по еден корона позитивен случај има во Гевгелија, еден во Богданци и еден во Дојран.

Со тоа конечната слика на југот од државата каде има здравствена надлежност на ЦЈЗ ПЕ Гевгелија, (општините Гевгелија, Богданци и Дојран) во 150 ден од корона епидемијата во земјава е со статус 22 вкупно заразени со корона во регионот на трите општини. Од тоа 12 во Гевгелија (10 излечени), 3 во Богданци (1 излекуван) и 7 мина во Дојран. Остануваат и понатаму да се водат како активни случаи на заболени од ковид -19 во Гевгелија 2 лица, 2-ца од Богданци и сите до сега 7 регистрирани во општина Дојран.

Засега Гевгелија и југот на државата каде е под надлежност ЦЈЗ-  ПЕ Гевгелија НЕМА ниту еден смртен случај. Сите заболени 22 се со лесна симптоматска слика и болеста ја поминуваат (како и 10 мината излекувани исто така) во домашен третман со постојан контакт со матичниот лекар кој ги следи симптомите и потребите на болните.

Навремено откриените заболени и нивните контакти од епидемиолошката анкета се пресудни во навременото изолирање и потребно лекување заради сречување на ширењето на корона вирусот, што е иманентен став на здравствените работници, а пред се Центарот за јавно здравје Гевгелија каде се изведуваат земањата на брисеви за корона-тест, и матичните лекари кои според симптомите на своите пациенти и анкетниот лист ги упатуваат сомнителните случаи на корона-тестирање.

Поради тоа, на последнат седница на Општинската Комисија за безбедност и заштита при Општина Гевгелија, од страна на претставници на ОВР Гевгелија беше побарано Општинскиот штаб да се обрати до Главниот кризен штаб за електронско проследување на донесените решенија за самоизолација од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат заради навремена контрола. На овој начин секојдневната контрола на изолираните ќе биде моментална од денот на донесување на решението, без да се чека хартиена преписка меѓу ДЗСИ и МВР и можност позитивните неколку дена непознати и непријавени во ОВР Гевгелија да се „рашетуваат“ низ градот и околината.

Југот на Македонија со 22 случаи на корона, а Македонија во петмесечната корона криза испиша вкупно досега 10.213 заразени. Бројката на оздравени пациенти е 5.564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.183 лица од кои 11 на крајниот југ (2 во Гевгелија, 2 во Богданци и 7 во Дојран).

Фото галерија - Состојба со Ковид-19 во Македонија по општини:
- Слика 1 - активни случаи на ковид-19
- Слика 2 - Вкупно заразени случаи со ковид-19
- Слика 3 - Вкупно излекувани по општини
- Слика 4 - смртни случаи со ковид-19


Last modified on Понеделник, 27 Јули 2020 - 20:04

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

КЗБ: Од прво до трето одделение во училишните клупи, другите пред компјутер дома

На две недели пред почетокот на учебната година, Комисијата за заразни болести

Повеќе

Заев го доби мандатот за состав на Влада од претседателот Пендаровски

Денеска напладне со свечена церемонија во вилата Водно каде е резиденцијата на

Повеќе

Заев обезбедил мнозинство, Пендаровски утре му го доделува мандатот

Шефот на државата Стево Пендаровски утре (четврток 13 август) мандатот за

Повеќе

Првачињата на училиште, останатите он лајн настава од дома

Учениците од септември веројатно ќе останат дома, ова го најави министерот за

Повеќе

Маж од Миравци при рибарење се удавил во Вардар

Од полицискиот дневен билтен на МВР се известува дека вчера во водите на Вардар

Повеќе

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.