Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Руската вакцина против Ковид развила имунитет кај лицата кои ја примиле

Понеделник, 03 Август 2020

После изминти 42 дена од доброволниот прием на вакцината против ковид-19 што ја разви руски тим на стручњаци од Државниот центар за истражување на вирусологија и биотехнологија, денеска од Русија јавуваат дека кај сите прегледани и тестирани лица има присуство на имунитет без нуспојави од вакцината.

Ова денеска го соопшти Руското Министерство за одбрана по завршните лекарски прегледи на волонтерите кои учествувале во клиничките испитувања на вакцината против Ковид-19 покажале присуство на имунитет и отсуство на нуспојави.

Резултатите од студијата покажале дека сите волонтери имаат јасен имунолошки одговор како резултат на вакцинација, се наведува во соопштението кое го цитира „Танјуг“.

Нема нуспојави, ниту се регистрирани неправилности во телесните функции на волонтерите, соопшти Министерството. Конечниот лекарски преглед бил извршен денеска во Главната воена клиничка болница Бурденко.

Руското Министерство за одбрана истакна дека сите фази од развојот и тестирањето на вакцините биле во целосна согласност со протоколот за клиничко испитување.

Волонтерите се вратиле во болницата 42 дена после вакцинацијата и поминале сеопфатен медицински преглед, се наведува во соопштението.

Државниот центар за истражување на вирусологија и биотехнологија во Русија планира да започне со производство на вакцина против коронавирус во ноември, изјави нејзиниот генерален директор Ринат Максутов за програмата „Вести“ на телевизискиот канал „Росиа-1“.

- „Очекуваме да започнеме со производство веќе во ноември годинава. Значи, поблиску до крајот на годината и почетокот на следната година можеме да зборуваме за вакцинација барем за [луѓето] од ризични групи со понатамошно преминување во масовно вакцинирање“, рече Максутов.

Од почетокот на пандемијата близу 18 милиони луѓе се заразија од корона вирусот. Досега во Русија се потврдени 850.870 случаи на коронавирус, при што 650.173 пациенти се опоравиле од оваа болест. Најновите податоци на Русија укажуваат на 14.128 жртви на национално ниво. Претходно, руската влада формираше Интернет телефонска линија за да ја задржи јавноста ажурирана за состојбата со коронавирусот.

 

Last modified on Понеделник, 03 Август 2020 - 23:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

Заев: Слободни и отворени кон светот! Ја славиме независноста!

Премиерот Заев на прославата по повод Денот на независноста на Македонија - 8ми

Повеќе

Тешко повреден возач на мопед од Гевгелија

Тешки клинички повреди на 78 годишен жител од Гевгелија е епилогот од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.